Elementi Logo

АКО СЕ РАЗБУДИШ ИЛИ КАКО ДА Е ТОА ВАЖНО

Backgorund

АКО СЕ РАЗБУДИШ ИЛИ КАКО ДА Е ТОА ВАЖНО

Сцена 1

(На сцената има еден кревет. Многу балони. Една торта. Неколку чинии. Ништо што може да се скрши. МАМА е средена. Има фризура како да има славење. И ТАТО е тука. МАМА се врти околу тој еден кревет. На креветот лежи БРАТОТ. Тој не се мрда. Закачен е на мноштво цевчиња и апарати. МАМА го одмерува ТАТО, па му ја наместува кошулата.)

ТАТО
Добро е. Добро е.

(Таа отстапува.)

ТАТО
Само што не дошол.

(МАМА се враќа кон креветот, односно кај БРАТОТ.)

ТАТО
Сигурно има гужва о сообраќајот.
МАМА
А мама не беше гужва?
ТАТО
Одев по обиколницата. Работата во половина од градот.
МАМ
Па надвор и секири да паѓаат, тој требаше овде да биде на време.

(ТАТО се повлекува.)

МАМА
(Го глед синот.) Ти ја подотвив омилената торта. Овошната. Со многу ананас и малини. Мислам дека пандишпанот не ми беше онаков…

(Тишина. ТАТКОТО ја посматра, па го зема телефонот. Во тој момент влегува ЧАРНА. Таа има 12 години. Се уште е дете иако се држи како да не е.)

МАМА
Каде си до сега?
ЧАРНА
В школо.
МАМА
Помина три.
ЧАРНА
Гужва во сообраќајот. Можевте да дојдете по мене.
ТАТО
Одевме по балони.
МАМА
Требаше да бидеш овде на време.
ЧАРНА
Како да ќе побегне негде.

(ЧАРНА избувнува во смеа. ТАТО и МАМА се вкочануваат. И станува непријатно. Му приоѓа нежно на братот.)

ЧАРНА
Извини. Знаеш дека не мислев така.

(Молчи.)

ЧАРНА
Глупава сум.
МАМА
Чарна!
ЧАРНА
Не сум глупава. Знам.
МАМА
Секако дека не си глупава. Само повремено не го користиш мозокот. Тоа не значи дека си глупава. Секому се случува понекогаш да го исклучи мозокот. Додуша, тебе нешто почесто отколку на другите. Но сепак, најважна е позотовната афирмација.
ЧАРНА
Среќен роденден!

(ЧАРНА го бакнува БРАТОТ, му ја наместува косата.)

ЧАРНА
Би можел да се избричиш. Боцкаш, гледај на што личиш.
МАМА
Има сериозно лице.

(ЧАРНА си игра со неговата брада.)

ЧАРНА
Да тибам, главата ти е студена. Мамо, му дува провев, ќе се вкочани.
МАМА
Повторно таа…
ТАТО
Чарна.
ЧАРНА
(Му се обраќа на БРАТОТ) Тие мене воопшто не ме сфаќаат сериозно. А како пак ти мене да ме сфаќаш сериозно.

(ЧАРНА сама оди до прозорецот и го затвора.)

ЧАРНА
Се е ОК, тато. Роденден му е.
МАМА
Денес не е расположен. Нешто го мачи.
ТАТО
Можеби од времето.
МАМА
Ќе падне дожд. Мора да е тоа. И мене цел ден ми пука главата. А и сигурно е возбуден заради роденденот.

(Таа го фаќа за раката.)

МАМА
Се сеќавам на тој ден кога се породував. Боже, како да беше вчера. Беше жешко, необично време за април. Печеше. Или мене ми беше жешко. Ќе побудалев во онаа болница и во онаа ноќница. Се се лепеше за мене, Ме тераа да одам по онаа болница какод а сум луда. Ме тераа, велеа дека ти е време, дека мораѓ да тргнеш, а тебе не ти паѓаше на ум. Ти си се стутулил тука и јас можев да се превртам на глава, ти не сакаше да излезеш. Веќе тогаш знаев дека ќе бидеш најтврдоглавото бебе на светот. На крајот, од толкавото мое шетање, ти си се замотал и си се заврзал, после мораа да те вадат со вакуум. Боже, кога те видов з апрвпат. Моето момче. Моето дете. Се сеќавам како да беше вчера. Ми намигна. Го знаеш ли тоа?

(Таа само што не се расплакува.)

МАМА
Ми намигна, сигурно. Ти ги видов тие темни очиња. Ми се насмевна и ми намигна како вистински мал шмекер. Мој. Мојот син.

ЗА АВТОРОТ

Исидора Милосављевиќ

Исидора Милосављевиќ (1994) е апсолвентка на Факултетот за Драмски уметности во Белград, на катедрата за драматургија. Сценаристка е на кратките филмови Loop и Шкрги кои се селектирани за многу меѓународни фестивали. Била драматургиња на претставата „Погреб во Тирезиенбург“ од Мирослав Крлежа во режија на Анѓелка Николиќ во копродукција на Битеф Театарот од Блеград и театарот „Костолањи Дежо“ од Суботица. Една е од авторите на едукативната програмаза тинејџери „Упс! Во проблем сум“ во продукција на Радио Телевизија Србија. Ја работела драматизацијата и била драматургиња на претставата „Јас сум Акико“ по романот на Стефан Тиќми. Нејзината пиеса „Акос е разбудиш или како да е важно“ во режија на Ненад Тодоровиќ е работена во копродукција на Народниот театар од Лесковац и Народниот театар од Приштина. На фестивалот на младите театарски творци пиесата е наградена од страна на стручното и новинарско жири. Добитничка е на наградата за драмско творештво „Борислав Михајловиќ Михиз“ за 2019 година.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ