Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 24 до 28 септември на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.
Ќе гостуваат поети од Данска, од Малта, од Франција/Сирија, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и над 50 домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 27. септември во 20:00 часот во МКЦ со настанот наречен „Воздух. Ветер. Дишење.“
Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, изложба на фотографии, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација.
Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Бест Вестерн Хотел Турист. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а медиумски партнер е „Култура Бета“.
Подолу се деталите од програмата.
Со радост ве очекуваме!
СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ 2023 ‒ ПРОГРАМА:
27.09.2023.
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје (конгресна сала) | 11:00
• Мастерклас/работилница за креативно пишување поезија, што ќе ја одржи Имануел Мифсуд, поет и универзитетски професор од Малта, наменета за млади.
Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 18:00
• Промоција на „Ново раѓање на зборот (антологија на младата македонска поезија)“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски со поетско читање на застапените млади поети и поетеси. Ќе читаат: Калиа Димитрова, Михајло Свидерски, Павлина Атанасова, Моника Стојановска, Диме Данов, Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Марија Велинова, Иван Иванов, Стефан Костовски, Марија Грубор, Никола Дуковски, Сара Ѓорѓијоска, Благица Трајкоска, Софија Тодороска, Марија Јанчевска, Марија Ангеловска, Горазд Китановски ‒ Кени, Никола Наумовски, Филипа Сара Попова, Пепи Стамков, Љубица Петровска, Сатја Александар Давитков, Емануела Ковачевска Китановска, Дамјан Златановски, Јована Стаматовска, Макрина Јорданова, Драгана Стојадиновска и Андреј Ал-Асади.
Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 20:00
• Официјално отворање: „Воздух. Ветер. Дишење.“
Ќе читаат: Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова Шопова, Драгослав Дедовиќ, Лана Деркач, Ален Брлек, Марам ал-Масри, Имануел Мифсуд, Мартин Глаз Серуп и одбраниот/одбраната на „Отскочна даска“.
Читањето ќе биде придружено со музичка импровизација на дувачки инструменти. Ќе свират Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски и Владимир Лукаш.
28.09.2023.
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје (спомен-соба „Т’га за југ“) | 11:00
• Out & About ‒ панел дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност надвор од границите на земјата преку преводи и учество на книжевни фестивали – искуства ќе споделат издавачи, автори и организатори на литературни фестивали. Ќе учествуваат: Билјана Црвенковска, Тодорче Тасевски, Владимир Јанковски, Петар Андоновски и др.
Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 18:00
• Промоција на „Избор из савремене македонске поезије“, приредила и препеала на српски – Валентина Бакти. Поетски перформанс и кус разговор со приредувачката Валентина Бакти и со Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, како и поетско читање на дел од застапените поети: Јовица Ивановски, Владимир Мартиновски, Тихомир Јанчовски, Тони Попов, Јосип Коцев, Наташа Сарџоска и Ненад Јолдески.
• Отворање на изложба фотографии на Радмила Ванкоска (портрети на поетите застапени во изданието).
Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 19:00
• Проекција на поетски филмови:
‒ „Кршливоста е дар, смртта е нестабилна, а светот е жеден за збор“ („Рањивост је дар, смрт је нестабилна, а свет је жедан речи“) ‒ филм на Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур.
‒ Омнибус четири анимирани филмови НЕБИДНИНА, посветени на поезијата на Ацо Шопов: „Долго доаѓање на огнот“ во режија на Жарко Иванов, „Грозомор“ во режија на Крсте Господиновски, „Небиднина“ во режија на Иван Ивановски и „Во сонот на црната жена“ во режија на Владимир Лукаш.
Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 20:00
• Интернационално поетско читање
Учесници: Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Николина Андова Шопова (Македонија), Драгослав Дедовиќ (Србија) и Ален Брлек (Хрватска).
• Краток музички концерт на Александар Бошков (гитара).
25 – 28.09.2023. Градски парк, Скопје | 09:30 ‒ 10:15
• Утринска јога со поетска медитација водена од Марија Георгиева.
ПРЕДНАСТАН:
24.09.2023. кафе-книжарница „Буква“ | 20:00
• „Отскочна даска“ – настан за млади поети на возраст од 16 до 25 години. Ќе читаат: Ангела Бошкоска, Сатја Александар Давитков, Софија Добревска, Дамјан Златановски, Христијан Илиевски, Дарија Јовановска, Макрина Јорданова, Марко Иван Кочишки, Ива Петреска, Теодора Прокоповска, Милена Сиљаноска, Стефан Спасевски, Пепи Стамков, Сара Стојановска и Методија Тасевски.
• „Неисцрпен ‒ tribute to Бошко Бозаџиевски“ (15 години од смртта) – поетско-музички перформанс на ВИС „Тркалезна маса“.
Инфо:
Дел од учесниците од странство пред фестивалот ќе бидат претставени и со промоции на нивни книги преведени на македонски јазик
во организација на издавачката куќа „ПНВ Публикации“
25.09.2023. Младински културен центар ‒ Скопје | 19:00
„Во препев #1“ ‒ промоција на три книги во соработка со ПНВ Публикации:
• „Слободата чекори гола“ од Марам ал-Масри (Сирија/Франција),
• „На околу два и пол часа од рајот“ од Имануел Мифсуд (Малта) и
• „13 Хрватски поети (избор од современата хрватска поезија)“, со Лана Деркач (Хрватска).
Поетско читање и разговор за предизвиците и задоволствата од преведувањето на делата помеѓу преведувачите Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Славе Ѓорѓо Димоски и Ѓоко Здравески, и авторите Марам ал-Масри, Имануел Мифсуд и Лана Деркач.
26.09.2023. Младински културен центар ‒ Скопје | 19:00
„Во препев #2“ ‒ промоција на три книги во соработка со ПНВ Публикации:
• „Земјата под абажур“ од Драгослав Дедовиќ (Србија),
• „САНГ“ од Ален Брлек (Хрватска) и
• „Полето“ од Мартин Глаз Серуп (Данска).
Поетско читање и разговор за предизвиците и задоволствата од преведувањето на делата помеѓу преведувачите Јовица Ивановски, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска, и авторите Драгослав Дедовиќ, Ален Брлек и Мартин Глаз Серуп.
Елементи