Elementi Logo

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА 35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

16/08/2023
Backgorund

Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 18-ти до 20-ти август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји.
Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени дури 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територијата на Македонија. Настанот традиционално ќе се одржи на сретсело, во Велестово, а потоа ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово. Во рамки на фестовалот ќе гостуваат поети од Германија, од Албанија, од Србија и од Косово. Следниот ден во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи промоција на уште една важна книга за развојот на македонската поезија: „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, избрале и приредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и настанот OH READ #2, во чијашто програма предвидена е работилницата за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, што ќе се одржи во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, како и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Проектот OH READ #2 e подржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.
Годинешниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов.
Фестивалот го овозможија: Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, Министерство за култура и Комерцијална банка.

35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Програма

Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово, сретсело
• 21:00 часот: Официјално отворање:
– САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) ‒ Поетско читање и промоција на книгата. Приредиле: Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.
Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.
– Интернационално поетско читање
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).
• 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов
Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро
• 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.
• 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.

Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид
• 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид.
OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади.
Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.
Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.
• 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид
OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)
19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.
Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).
САМОДИВИ (поетско читање): Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.

Спонзори: Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, Министерство за култура, Комерцијална банка, Пелистерка, Пупе компани,
Помагатели: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, ПНВ Публикации, кафе и бар „Шила“, ОСУ „Св. Климент Охридски“, ресторан „Домаќинска куќа“, пицерија „Немо“, апартмани „Немо делукс“, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.
Медиумски покровители: Охрид њуз и Култура Бета.

 

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ