Elementi Logo

ПРВ ДЕН ЗА АКАДЕМИЈАТА ЗА ЛИТЕРАТУРЕН МЕНАЏМЕНТ ВО СТРУГА ОД 13 ДО 18 МАЈ

14/04/2022
Backgorund

Преводот го прави литературното дело препознатливо во широки размери. Секој превод ги открива богатствата не само на книгите, туку и на поднебјата, а и на самите автори. Но, преводот е дел од културната стратегија на секоја држава. 

Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите во организација на изадавачката куќа Готен од Скопје, Next Page од Софија, Поетека Албанија од Тирана, Argh! од Србија, Општина Подгорица од Црна Гора и издавачката куќа Сандорф од Загреб  со поддршка на Програмата „Креативна Евгропа“ на Европската унија која ќе се одржи од 13 – 18 мај во Струга на својот прв ден ја претстави својата програма сочинета од низа креативни работилници, панел-дискусии, интерактивни сесии со професионалци од областа на литературниот менаџмент, преведувањето и културната политика. 

На самиот почеток, Јана Генова, извршна директорка на Next Page од Софија се осврна на особената важност од овој вид собири чија искуственост ќе направи да се разменат убавите мигови, но и да се предочат пречките и проблемите на локалните културни политики. Нејзиниот личен мотив да присуствува на оваа Академија е токму размената на инспирациите како заеднички интерес, што е на некој начин и есенцијата на целиот овој собир. 

Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, проговори за горливите проблеми на литературниот менаџмент, потребата од стабилна и продуктивна стратегија, како и од заедништвото од професионалците од оваа област која ќе ја направи балканската книжевност препознатлива и достојно вреднувана. Правејќи пресек од инспиративните контроверзи на овие простори тој се осврна на значењето на културната разновидност, но истакна дека слухот на авторитетите на државата при градењето на стратегијата за препознатливост на литературата на овие народи е од исклучително значење не само за развојот на литературата туку и за развојот на културната политика воопшто. Секако, овие искуствени размени низ сите креативни сесии во текот на оваа Академија ќе бидат и голема иницијација многу хаотични состојби во преведувачката и менаџерската политика на овие простори да се кристализираат и да се канализираат во начин на промислување на литературниот менаџмент. 

Дијана Волтерс, започнувајќи ја својата улога на водител на првата сесија наметна една многу интересна и многу чудна динамична компетитивност која ќе резултира со многу интересни презентации и возбудливи дискусии чија продуктивност е повеќе од очекувана. 

Академијата е од исклучително значење и насушно потребна на литературите од малите народи како што се народите на Балканот за да стане привлечна и препознатлива на пошироките книжевни простори. Говорејќи за преводот, ние треба да зборуваме за чудноста и спецификата на една културна траекторија која ќе стане возбуда на далечни точки од оваа планета. 

Оваа Академија може да се пофали со сјајни имиња од областа на литературата кои доаѓаат од просторите на Западниот Балкан како што се: Владислав Бајац, Аријан Лека, Катерина Фрагу, Андреј Хочевар, Рената Замида итн. Она што значи книжевен превод всушност е достапноста на креативниот изблик на авторите кои одбележуваат едно време епоха, авторите чии ракописи ќе го продолжат својот живот и во времето и во просторот, а личните карти на овие земји ќе станат значаен дел од културната мапа на светот.

 

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ