 
             
                            Жарко Кујунџиски (роден на 19 мај 1980 во Скопје) — македонски прозаист и драмски автор. Работел како уредник на електорнскиот магазин Репер (www.reper.net.mk), а бил и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“. Работи како главен уредник на издавачката куќа „Антолог“. Исто така, тој е основач на фестивалот на европската литература „Bookstar“. Кујунџиски е автор на 13 книги од кои позначајни се: романите Spectator (2003), Америка (2006) и Најдено загубено (2008), збирката драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004), збирката раскази 13 (2010), како и романот Свинга на гневот (2020). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Неговите дела се преведени на неколку јазици. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од антологијата „The best European fiction 2013“. Од англиски јазик ги превел следниве дела: Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и Евтини приказни од Квентин Тарантино и Роџер Евари (2008). Добитник е на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј. Исто така добитник е на: Награда „13 Ноември“ (2003) и Награда „Стале Попов“ (2024)
Според К. За Б. Штом грмне ’Старо купујем!‘ – цела улица срипува на нозе. Тој ден читав руски раскази во превод на бугарски. Книгата ми ја испратија од Софи...