ВЛАДА УРОШЕВИЌ (1934), поет, прозаист, есеист. Дипломирал на Философскиот факултет во Скопје, Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје каде што и работел како редовен професор. Автор е на над триесет дела. Поважни наслови: Вкусот на праските, Летен дожд, Ѕвездена терезија, Лов на еднорози, Хипнополис, Демони и галаксии, Дива лига, Невестата на змејот, Маџун и др. Трикратен добитник на наградата Браќа Миладиновци, двократен добитник на наградата Григор Прличев, дибитник на наградата Рациново признание, Роман на годината и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, како и на наградите Нолит, Стале Попов и на наградата Есенин на Солјузот на Риските писатели,
Земјотрес од Влада Урошевиќ (од „333 песни“, Магор/МАНУ) Длабоко долу куциот бог ги потковува огромните и слепи коњи-кртови со нервозни ноздри со мазни бокови ги потковува за некаде да ги испрати кому тоа на несрека кому на знамение ги тера ги гони низ темните ходници низ звучните лавиринти преполни...
Зиме во Скопје доаѓаат, појдени оддалеку, од морето, летајќи нагоре, по долината на реката, привлечени којзнае од што, галебите. Зошто доаѓаат тука – никој не знае. На бреговите лежат нечисти дамки од снег, реката има боја на чад, а во влажно-синкавиот воздух блеснуваат замавите на нивните крилја ка...