Весна Куслеска е родена 1983 година. Драматург и сценаристка. Автор на сценарија за краткометражни филмови и ТВ серии како и на наградениот драмски текст „Шест дена работи, седмиот одмарај“.
4. СЦЕНА – ДНЕВНА СОБА ВО ВИКЕНДИЦАТА Во собата е Здравко полузадреман, легнат на креветот гледа во телефонот, уште му е лошо. Ламбите и работите од автомобилот се наоколу. Се слуша `рчењето на Ај-Вар и Чичи од другата соба, а од таму, тивко влегува Менче. МЕНЧЕ (ШЕПОТИ) Заспаа како јагниња! Здравко...