Стефан Костоски (1991, Охрид) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје. Автор е на стихозбирките „Гирланда“ (2020, Современост) и „Доаѓањето на музиката“ (2025, ПНВ Публикации). Негови песни и есеи се објавени во неколку периоднични списанија. Учествувал на поетски читања на „Струшките вечери на поезијата“, на „Поетска ноќ во Велестово“ и на Скопскиот поетски фестивал, како и на „Добри гости“ во Штип. Застапен е во антологијата „Ново раѓање на зборот: Антологија на младата македонска поезија“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски (ПНВ Публикации, 2023), како и во „Метрички карван Гевгелија ‒ Охрид“. Добитник е на наградата „Енхалон“ за 2023 година што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Почеток Исплашен од лаежот на зракот ѕвездениот гулаб полетува од прозорецот на дрвото кон хоризонтот со боја на стасано тесто за печење. Од големата ламба под ...