Elementi Logo

АВТОР: Соња Стојменска Елзесер

Објави од Соња Стојменска Елзесер
Backgorund

Соња Стојменска Елзесер

Соња Стојменска-Елзесер е родена во 1963 година. Таа е есеистка, критичарка и теоретичарка од областа на книжевноста. Докторка по филолошки науки, професорка и научна советничка во Институтот за македонска литература при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје 1986 година. На истиот факултет го одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на [[Михаил Бахтин[[“ [[1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ 2003 година. Во Институтот за македонска литература работи од 1988 година. Во периодот 1997–2000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка. Во 2003]] г. е избрана за научен соработник, во 2006 за виш научен соработник, а во 2011 за научен советник во истото одделение. Авторка е на повеќе книги од областа на книжевни науки. Главен уредник е на научното списание [[„Контекст/Context“, кое објавува прилози на македонски и на англиски јазик. Преведува од англиски, руски и чешки јазик. Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, на Националниот славистички комитет на Македонија и на Друштвото на писателите на Македонија. Во април 2018 година е избрана за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Раководител е на докторските студии при ИМЛ.

ШТО Е КНИЖЕВНА ВРЕДНОСТ

Во ерата на комерцијализација, консумеризам и комодификација на културните продукти, на површина испливува големата запрашаност за тоа дали има нешто што вреди во...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ