Elementi Logo

АВТОР: Небојша Лујановиќ

Објави од Небојша Лујановиќ
Backgorund

Небојша Лујановиќ

Небојша Лујановиќ е роден во 1981 година во Нови Травник (БиХ). Тој се занимава со пишување, научна работа и трчање маратони. Живее во Сплит и работи како виш предавач на Филозофскиот факултет. Дипломирал политички науки на Факултетот за политички науки и социологија и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што докторирал во 2012 година во областа на книжевната теорија. Тој е автор на бројни раскази, есеи, патеписи, литературни рецензии и научни трудови. Негови дела се објавувани во домашни и странски литературни и стручни списанија. Ги објавил следните прозни дела: романите „Стаклено око“ (Парнас, 2007), „Фабрика за Хрвати, (ВБЗ, 2023), Дрвото на Џошуа (Фрактура, 2024), збирката раскази „Со погребна поворка надолу“ (Алгоритам, 2008), романот „Година на свињата“ (Алгоритам, 2010) и романот „Оргулите од Валдсасен“ (EPH-Liber, 2011). До крајот на студиите тренирал веслање во Загрепскиот веслачки клуб, по што се посветил на маратонското трчање. Наскоро ќе објави нов роман и ќе го истрча својот петти маратон. Тој е горд татко на малиот Ловро.

ФАБРИКА ЗА ХРВАТИ

32.   Седнав покрај влезот од каде што чадеше вечерата. Тука воздухот беше потопол, веќе бев многу уморен и поспан, па ме замае. Освен тоа, тој воздух носеше некој ми...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 17

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ