Мирко Томовски или Томоски сеедно е роден 1947 во Јабука,Србија, потекло Ржаново, Струга, Македонија. Досега објавил 11 книги поезија и проза и 4 книги за деца. Негови песни објавени се во повеќе списанија, билтени, алманаси, зборници и антологии во и надвор од Македонија. Дел се преведени на балканските јазици. Живее и работи во Охрид, Македонија. Од многуте награди и признанија ги издвојуваме: прво место за романот “Шени Ен” по повод 70 години македонски книжевен јазик 2014; Климентова повелба за поезија 2015; Награда за поезија за деца “ Стихувалки” 2018; Награда за афирмација од областа на литературата, Скопје 2018; Награда Министарства културе и информисања Влада Републике Србије; Златна благодарница БРАН Здружение за литература , култура и наука Струга 2020; Идеен творец и претседател на Здружението за литература и култура “ Охридски поетски Бисер” Охрид, од 2016 година Објавени дела : Време за вистина – поема 1994,2001; Ржанов - монографија 2002; По учение македонскому, поезија-мотиви-факти 2004; Ржанчани - романизирана монографија 2005; Полемика со умот-проза, белези и критики 2008; Шени Ен- новела 2013; Судбини-збирка раскази 2015; Екот на вековите-поема Прличеви беседи 2017; Разбој во времето- поезија 2018; Украдено сонце-поезија 2021; и четири книги за деца: Колку е убава мојата внука-проза 2012; Чудесната шума-проза 2013; Веселба во шумата- поезија 2014; Расеано семе- поезија 2022;
НА ДРВОТО ИМА МНОГУ ЛИСЈА На дрвото има многу лисја. Мноогу лисја. Многу лисја има и во мојот двор. Во мојот двор. Во мојот двор има мноогу лисја. Мојот двор спие под д...