Elementi Logo

АВТОР: Милош Петковиќ

Објави од Милош Петковиќ
Backgorund

Милош Петковиќ

Милош Петковиќ е роден во Ниш (Србија) на 14 јули 1986 година. Тој е и драматург, сценарист, стрип писател, социјален активист, предавач во училиштата за креативно пишување и уметнички директор на Меѓународниот фестивал на фантазијата во Ниш. Драматизирал пет негови романи, кои се адаптирани во театарски претстави: „Џуџиња и самовили - пролет“, „Тајната на старата воденица“, „Бајка на Ноќурк и Даница“, „Џуџиња и Самовили - лето“ и „Бакнеж на принцезата Илдико“. Милош Петковиќ е и автор на стрипот „Супер Мишко пие Нишко“ и автентичен суперхерој на јужна Србија. Автор е и на сценариото за стрипот „Тајната на старата воденица - семејството Монте Кристо“ со карикатуристот Срѓан Тодоровиќ. Основач е на Здружението на љубители на фантазијата „Ордо Дракониш“ од Ниш и уметнички директор на Меѓународниот фестивал на фантазијата, кој досега имаше пет изданија. Во неколку наврати го водеше училиштето за креативно пишување „Бескрајна приказна“ во нишката библиотека, нишкиот културен центар и неколку основни и средни училишта. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи и уредувал тематски збирки фантастични и митолошки приказни. Добитник е на следните награди и признанија: „Свети петок“ за придонес во културата и зачувување на традицијата, „Светосавски печат“ за придонес во културата на градот Ниш,, признанието „Златна патека“ на градот Смедерево за исклучителни резултати во областа на литературат, наградата „Невид Театра“ од Бања Лука за најубави приказни и бајки за деца и млади, „Момчило Тешиќ“ за најдобар роман за деца и млади во Србија во 2022 година за романот „Бајка за Ноќурко и Даница“.

БАЈКА ЗА НОЌУРКО И ДАНИЦА

  ПРОЛОГ Сплетот од патишта, патеки и патчиња е хармоничен како проѕирната мрежа на трпеливиот пајак, но има некои патеки непознати за авантуристите, патеки на ко...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ