Матеи Вишниек (1956) е романско-француски драмски писател, поет и новинар кој живее во Париз. Дипломирал во 1980 година на Факултетот за историја и филозофија при Универзитетот во Букурешт. Во периодот меѓу 1977 и 1987 година напишал осум драми, околу дваесет кратки драми и неколку сценарија, но сите биле одбиени од цензурата. Во 1987 година бил поканет во Франција од една книжевна фондација, при што побарал политички азил. Од август 1988 до октомври 1989 година живеел во Лондон, каде што работел за романската редакција на Би-би-си (BBC). Откако се населил во Франција, главно пишува на француски јазик и се стекнал со француско државјанство. По падот на комунизмот во Романија во 1989 година, Матеј Вишниек станал еден од најизведуваните драмски писатели во земјата, со повеќе од 30 драми поставени во Букурешт и во други градови. Во 1996 година, Народниот театар во Темишвар организирал фестивал посветен на Матеи Вишниек, на кој 12 театарски трупи ги извеле неговите драми. Неговата меѓународна афирмација како драмски писател започнала во 1992 година, со изведбата на драмата „Коњи на прозорците“ во Франција и „Се бара стар кловн“ на фестивалот „Бонско биенале“ Оттогаш, повеќе од 20 драми на Вишниек се изведени во Франција во голем број театри. Поважни дела: Поезија „Вечерва ќе снег“, (1980) „Градот со еден жител“ (1982), „Мудрецот на чајниот час“ (1984), „Следните песни“ (2000) Пиеси „Земјата на Гуфи“, (1991), „Вработување кловн“, (1993), Никој нема право да се мота невооружен на бојно поле, (1991), „Трговецот со време“ (1992), „Измамничките партитури“ (1993), „Кекатомбеон“ (1993), „Разграден театар или ѓубреџија“, (1993), „Граматиката на тишината„ (1994) „Три ноќи со Мадокс“ (1994), „Приказната за пандите раскажана од саксофонист кој има девојка во Франкфурт,“ (1994), „Забранети трепки во текот на ноќта“ (1995), „Папараци или хрониката на прекинатото изгрејсонце“, (1995) „Коментар Може ли да бидам птица?“ (1996), „Жана и огнот“ (2009/2019) „Телото на жената како бојно поле во војната во Босна“, (2009) „Зборот „напредок“ изговорен од мајка звучи страшно лажно“, „Историјата на комунизмот раскажана за умоболни“, „Миграааанти или премногу не има во овој проклет чамец“, „Оксидент експрес“ и др. Живее и работи во Париз.
Миграааанти или Премногу нè има на овој проклет чамец СЦЕНА 1 Криумчарот на мигранти им се обраќа на гледачите. КРИУМЧАРОТ – Ајде, покажете ми ги сите мобилни телефони! Идеално би било гледачите да се вклучат во играта и да ги извадат своите мобилни телефони, iPad-и и iPhone-и. ОК… Сите ли се погриж...