Љубица Шопова е макеоднска поетеса. Магистрирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема од областа на бихејвиористичката економија. По подолга пауза, Шопова повторно почнала да пишува поезија во 2015 година, по еден неформален поетски настан одржан во Старата скопска чаршија . Оттогаш, во неколку наврати читала свои песни на поетските собири „ Астални проекции “. Нејзините песни се објавени во изборот песни од иницијативата „100 000 поети за промени“, во списанијата „ Современост “ и „АКТ“, во неколку електронски поетски збирки и во арт-панорамата „Допир“. Во мај 2019 година учествувала на меѓународниот поетски фестивал „ Литературни искри “ во Гостивар , каде нејзините песни влегле во најтесниот избор од десетте најдобри учесници. Во 2020 година ја објавила првата поетска збирка, „ Форми во создавање “ во издание на ПНВ публикации, а пет години подоцна се појавила и нејзината втора стихозбирка, „ Надвор од единиците мерки “ (издание на Илика).
Лет Како хипнотизирана болка што лебди над телото по испиен парацетамол, една птица на небото летајќи ја менува формата на облаците. Потекло Создадена сум о...