Јасмина Атанасова е родена на 16.05.1974 година во Битола. Во родниот град го завршува основното и средното образование. Високото образование го продолжува во Скопје, каде дипломира на Фармацевтскиот факултет. Долги години е професор по стручни предмети во Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Нејзината конекција и љубов со книгите постои откако знае за себе, и ден-денеска дружејќи со нејзината свест и подсвест. Во младешките денови пишувала повеќе поезија и раскази за кои била повеќепати наградувана. Влегувајќи во нејзините зрели години, „Работилницата за креативно пишување“ која ја водеше проф. Александра Димитрова, а која Јасмина ја посетуваше, ја охрабри да го следи својот сон и порив кон пишувањето. Од таквата љубовна врска (иако серизно надносени) се родија две нејзини дела. Првата книга „Кога ќе стивне прашината“ издадена е во 2023 год. Во 2024 год. се издаде нејзината втора книга „Напластување“ со поддршка на Министерството за култура, а како издавач се јавува „Центарот за култура“ од Битола.
Извадок од романот „Напластување“ на Јасмина Атанасова Денот зјаеше како отворен прозорец, со тап поглед на ѕид. Тишината се вееше пред ст...