Ивана Хаџиевска (р. 1995) е историчарка и независна истражувачка. Дипломирала историски науки на Филозофскиот факултет во Скопје (2018). Магистрирала во областа на економската историја („Човечката состојба на индустриските работници во Вардарска Македонија 1918-1941“, 2021). Рецентно, нејзиниот истражувачки интерес е во полето на филозофијата на историјата, историјата на жените и политиките на сеќавање. Во изминатите десет години соработувала со бројни домашни и интернационални истражувачки тимови и социјално-ангажирани колективи. Живее и работи во Битола.
СУСПЕНДИРАНА ИТНОСТ ШВЕДСКАТА ТЕОРИЈА ЗА ЉУБОВТА Прогрес. Современост. Верба во институциите. Толку тивко, толку прекрасно. Сепак, во 2006 година, група шведски историчари сметаат дека општата претстава за животот во Шведска има свое наличје: Ларс Трегард (Lars Trägårdh), авторот на книгата Човек ли...