Elementi Logo

АВТОР: Иван Антоновски

Објави од Иван Антоновски
Backgorund

Иван Антоновски

Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Соприредувач е на четири антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ, како и на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.

ПЕСНИТЕ МНОГУ ДОЛГО ГИ НОСЕШЕ ВО СЕБЕ...

Од книгата „Од онаа страна на Небиднината: Разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ (Скопје: Дијалог, 2023 – прво издание и 2024 – второ издание)   ПЕСНИТЕ ...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ