Емануела Ковачевска Китановска е поетеса и студентка на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет во Скопје. Авторка е на стихозбирките „Кожена душа“ (без ISBN), за која ја освои наградата „Антев часовник“ во 2019 година на манифестацијата „Антево перо“ и „Второ детство“ (2025, ПНВ Публикации), со која влезе во најтесен избор за истата награда за 2023 г. Добитничка е и на наградата „Најмлада поетска искра“ на Меѓународниот фестивал „Литературни Искри“ во 2019 година во Гостивар. Нејзините песни се застапени во неколку антологии. Учествувала на бројни работилници, поетски читања и фестивали, меѓу кои: „Астални Проекции“, Поетска ноќ во Велестово, Скопскиот поетски фестивал, „Коронијалс“, МТФ „Војдан Чернодрински“ и др. Пишува и проза, а дел од расказите ѝ се застапени во збирката „Мали приказни за Скопје“ (2019, Просветно Дело). Се занимава со театар и со драматургија, има напишано и изведено две монодрами „Драг Вардар“ во МКЦ и „Sвездан“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.
Сонот на фетусот Заврна во тишината на зимските снегови, ги чисти снагата голите погледи, бездна во која фетусот сонува сто години. Дали фетусот сонува птиц...