Шелева Елизабета е родена во Охрид, во 1961 година. Професор е на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет, во Скопје. Потпретседател на македонскиот ПЕН центар. Долгогодишна уредничка на регионалното списание за литература „Sarajevske sveske” (со седиште во Сараево), како и на книжевното списане „Наше писмо“, гласило на Независните писатели. Научен соработник во десетина проекти на МАНУ, вклучително, и три меѓународни, во содејство со БАН и САНУ. Преведува од англиски, српски, словенечки јазик. Авторка е на 10 книги и преку 260 одделни прилози: „Компаративна поетика“ (1996), „Книжевно-теориски студии“ (1997), „ Културолошки есеи“(2000), „Од дијалогизам до интертектуалност“(2000), „Заробеници на денот“ (2001, е-книга), „Отворено писмо (2003), „Дом/идентитет“ (2005), „Домот на писмото“ (2008), „Хетеротопии на Писмото“ (2014), „Од личен агол“ (2019).
фигурата на Бегалецот како (интерна) Другост – (низ одбрани примери од литературата на Луан Старова, Кица Колбе и Лидија Димковска) Во современата културна теор...