Дарко Цвијетиќ е роден на 11 јануари 1968 година во приједорската населба Љубија (Рудник). Пораснал и се школувал во Приједор. Често го цитира Иван Обренов како еден од своите модели на однесување. Пишува поезија, есеи, кратки раскази и е режисер и драматург на театарот Приједор. Неговите песни се преведени на неколку светски јазици: француски, англиски, германски, словенечки, хебрејски, албански, унгарски, полски, македонски и јидиш. Уредува литературен блог наречен Хипомнемата. Член е на две друштва: ПЕН Центарот на Босна и Херцеговина и Здружението на писатели на Босна и Херцеговина. Дела: Ноќни Горбачов, 1990, Белград; Хименица, 1996, Белград; Манифест на млада Босна, 2000, Нови Сад; Пасош за Сфорланд, 2004, Бања Лука; Масовни разгледници од Босна, 2012, Бања Лука; Јажиња со отпечаток од врата, 2013, Мостар; Мали есеи за ексхумација, 2015, Бања Лука – Белград, Емотикони во Вибер, 2016. Сараево, Параолимписки химни, 2017. двојазично, Љубљана, Горски стапала, 2017. Зеница, „Шиндлеровиот лифт“, 2018. Сараево – Загреб, Снегот добро внимаваше да не падне, 2019. В.Б.З., Загреб, Зошто спиеш на подот, 2020, роман, Бајбук, Сараево, Ноќна стража, 2021, кратки раскази, Бајбук, Загреб/Сараево, Збир на стравот, 2023, собрани песни, Букбук, Загреб/Сараево, Шума, Шумарици, драма, Спомен-парк Октомври во Крагуевац, Крагуевац, 2023., Премногу ми е тоа. Осум девојчиња, 2024. роман, Бајбук, Загреб/Сараево
ПРЕМНОГУ МИ Е ТОА, ОСУМ ДЕВОЈЧИЊА Глава триесет и осма Филип Латиновиќ, уште цртици за мојата мајка, од разговорот со Дарко Гласот на мајката: јади, де, јади... ...