Elementi Logo

АВТОР: Дарио Хајри

Објави од Дарио Хајри
Backgorund

Дарио Хајри

Дарио Хајри е роден 1983 година во Фоча. Учесник е на The Word Literary Forum во 2019 година под покровителство на Крокодил фестивалот, а од 2020 година е дел од меѓународниот поетски проект The Wrong Language Tour во организација на Bern ist überall. Ја освоил првата награда на регионалниот конкурс Влезница 2024 во категоријата поезија. Со ракописот „Небранетиот простор меѓу нас“ влезе во потесниот избор на конкурсот на Раштан, како и во поширокиот избор за наградите Славиша Николин Живковиќ на градот Ниш и Златен стих на Народната библиотека „Стеван Раичковиќ“ во Кучево во 2025 година. Со необјавената збирка „Не смееш да бидеш гола во тревата“ влезе во потесниот избор на конкурсот на Раштан и во поширокиот избор за регионалната книжевна награда Јован Поповиќ во 2024 година. Негови песни се објавени во зборниците Сигнали во ноќта (Енклава, 2024), Пакет аранжман (2025), Дисторзија (2026), во Панорама на новата поезија во 2025 и 2026 година, списанието Градина, алманахот на Читалницата Лаза Костќ во Сомбор, како и на порталите Облакодер, Човек-списание, Страни и Перкатоник. Посетувал работилници по поезија кај Звонко Карановиќ и Огњенка Лакиќевиќ. Живее во Бачка Паланка.

Забрзан курс за бодисатва

Забрзан курс за бодисатва свет човеку, под твоето дрво од црешавладее разумот на суперсиметријатамислите исцртани со искри сами приоѓаат какожедни животни што не ...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 19

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ