Цветанка Невчева (родена 1989 година) пишува поезија и кратки раскази. Нејзините дела се објавувани во бројни антологии, книжевни списанија, електронски публикации и интернет портали. Невчева е автор и коавтор на повеќе научноистражувачки трудови. Активно учествува на литературни фестивали, поетски средби и работилници за креативно пишување, а за својата поезија има добиено повеќе дипломи и признанија. Нејзината прва поетска збирка, „Процвет“ (2024), ја доби наградата „Душата на чаршијата“ за најдобра поетска книга, доделена од издавачката куќа Дата песнопој од Битола. Втората збирка поезија, „Исихија“ (2024), е добитник на наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од млад автор до 35 години, во рамките на конкурсот организиран од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. Нејзиното мото гласи: Ништо не ни припаѓа нас, само надежта којашто е сон на будните!
МОНОЛОЗИ НА ТИШИНАТА Секој ден, ново утро носи, секој почеток, само празен одѕван во срцето е, МЕЛАНХОЛИЈА. Како испиена чаша надеж, срцето ми е празно&nbs...