Благоја Иванов (1931 – 2022). Завршил Филолошки факултет во Скопје . Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар . Бил претседател на Друштво на писателите на Македонија. Член на ДПМ од 1958 година. Добитник на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“ Творештво[ уреди | уреди извор ] Седум умирања (проза, 1956) Ноќ без починка (раскази, 1958) Црвено рондо (раскази, 1964) Патувања (лирски минијатури, 1967) Ветрови (роман, 1969) Соочувања (критики и есеи, 1971) Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973) Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975) Една година и цел живот (роман, 1978) Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983) Бланка (проза, 1985) Малата врата на надежта (раскази, 1985) Маалски игри (роман за млади, 1989) Чекање на зората (роман, 1998) Сватови (раскази, 2000) Сомнеж (роман, 2007) Зборови од старо сеќавање (кратки раскази, 2008) Раска в грло (раскази, 2011) Кораби (раскази, 2014) Актери автори (осврти) Птиците од дворот (раскази, 2015) Скопски дамари (антологија, раскази, 2020) Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „ Џинџуџе во земјата на афионите “ ( Темплум , 2022). Иванов се бавел и со превод од француски јазик .
Татко Секако дека, како што стареше, почесто размислуваше за своите родители.Особено бидејќи имаше два сина, веќе возрасни, женети, со челад. Иако меѓу негои нив нем...