Азем Делиу (1996) е роден во во Скендерај, Косово. Студирал албанска литература на Универзитетот во Приштина. Објавил стихозбирка „Погребен дожд“ (Тирана, 2013) и два романа: „Илегален љубовник“ (Тирана, 2016) и „Записите на црвот Смолински“ (Тирана, 2018) кој влезе во потесниот избор за наградата за литература на Европската унија 2020 година. Делови од неговите дела се објавени на албански, српски, хрватски, босански, турски, англиски, бугарски и германски јазик. Добитник е на пет меѓународни стипендии „Writer in Residence“ и бил гостин на повеќе меѓународни литературни фестивали.Неговиот прв роман е преведен на англиски (TheIllegalKisser), а во моментов се преведува на полски, германски и француски. Живее во Приштина.
1 Едвај ја фатив автобуската градска линија број седум во Приштина, која би требало да ме носи зад Националниот театар. Пред него, ќе се сретнев на една претстава со една млада жена, новинарка од областа на културата. Блиску до автобуската станица забележав едни млади брадести момчиња кои играа чудн...