Elementi Logo

АВТОР: Андреј Медиќ Лазаревски

Објави од Андреј Медиќ Лазаревски
Backgorund

Андреј Медиќ Лазаревски

Според своите лични убедувања дека сè што прави во животот е резултат на некаква инспирација или вдах од некаква небесна или световна Муза, Андреј Медиќ Лазаревски себеси се определува како вдахновен (со љубов) човек. Еросот по метафизиката и вистината го носи до студиите по философија на Филозофскиот факултет при УКИМ, како и до активно учество во активностите на Филозофското друштво на Македонија. Ентузијазмот за уметноста, пак, заедно со тој за философијата, го прави дел од организацискиот тим на Филозофскиот филмски фестивал. Од вдахновената потреба да направи простор за ширење на младинската уметност ја основа неформалната организација за култура „Култура β“ каде што работи на интервјуа, а ја уредува и поетската и философската рубрика, а заедно со поетесата Ивана Јовановска го отпочнува поетекиот проект „Поетска епизода“. Од поривот за пишување – има објавено две статии во списанието „Филозофска трибина“, како и неговото поетско првенче „Беседење со неа“ (2021, Дата Песнопој) и втората стихозбирка „Молитвени дискурси“ (2022, ПНВ Публикации). Најголемата инспирација ја добива од луѓето близу него чијшто вдах го вмрежува во стихови, го актуализира единствено преку прегратки, а го овековечува преку беседи. Ваквите беседи стануваат молитвени дискурси што молат за нови вдахновенија. Инаку, родум е од Скопје, а роден е на 14.4.2001 г.

УНИНИЕТО НА ТВОЕТО СРЦЕ

Унинието на твоето срце Станувај ајде,знам дека си мрзлива, драга.Но станувај, да бидеме заедноагапето со твојот Бог да не го прекршиш.Се чувствува, драгатвојата од...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ