Александра Ѓуричиќ е родена во 1963 година во Белград, каде што завршила основно училиште, гимназија и средно музичко училиште. Студирала музика на Академијата Моцартеум во Салцбург (1981-1984), историја на уметност и театарски студии на Филозофскиот факултет и на Факултетот за драмски уметности во Белград (1984-1988), каде што дипломирала и магистрирала во 1998 година. Објавила три книги од областа на историјата на музичкиот театар, „Историја на играта“, 1998, „Индекс на либрета од опера и балет“, 1999 и „Оперети и мјузикли, Индекс на либрета“, 2006. Авторка е на збирка литературни есеи „Грации на перото“, 2013. Објавува проза, поезија и есеи во списанија од 1995 година. Нејзините раскази се објавени во српските антологии „Чадор“, 2009, „Проза на пут“, 2012, „Кралица Лир и нејзините деца“, 2017 и „Повик на далечината“, 2020. Како литературен критичар и есеист, таа е долгогодишен соработник на дневните весници Политика, Блиц и Данас, како и на списанието Недељник. Поединечни раскази - подоцна собрани во прозната збирка „Лоза во улицата Рига од Фере“, во 2025 објавена на македонски јазик во издание на „ВиГ Зница“ и превод на Весна Дамчевска - добија неколку книжевни награди, од кои најзначајни се наградата „Лаза Лазаревиќ“ во 2018 година за расказот „Сосем обичен дан“, потоа наградата „Милутин Ускоковиќ“ во 2014 година за расказот „Градина од рози“, наградата „Лазар Комарчиќ“ во 2013 година за расказот „На 'ртот“ и наградата на Литературниот натпревар на Сојузот на еврејски општини во 2011 година за „Расказ на жица“. Александра Ѓуричиќ живее и работи во Белград.
СЛЕГУВАЊЕ ВО АД Ако соберам храброст и слезам долу, до брегот, до самото срце на Темнината да погледнам и да побарам да ми те вратат, тие би прашале, со што си го заслу...