Александар Михајловиќ (1971) е македонски поет и писател, роден во Гостивар. Автор е на поетските збирки Алтани и други (2019) и Помалку измамени (2021) и книгата кратки раскази Светлината на светот (2022). Дипломирал на Педагошкиот факултет во Скопје и работи како наставник. Негови поеми се објавени во заеднички збирки од поетски фестивали, литературни списанија и електронски портали. Награди и признанија - Второ место на Меѓународниот поетски фестивал ,,Литературни искри,, 2018 година, Одликување за поезија на ,,Мелнички вечери на поезијата 2020” – Бугарија и поетски конкурс ,,Ангело Ди Векиа,, - Италија, едиција 2021/22 и 2022/23 година. За потребите на антологии и збирки неговите поеми се преведени на српски, англиски и турски јазик. Учествувал на поетски читања, има објавувано есеи во образовни списанија. Својата енергија и инспирација за пишување ја наоѓа во емоциите, љубовта, природата, планинарењето, патувањата. Поемите на Михајловиќ инспирираат и поттикнуваат читателите да се пронајдат во поезијата.
ИЗМИСЛЕНА Не се става мисла на душата мислата замислен те остава мислата на арно не е со мисла не се јаде нити се легнува. Помисли само колку пати душата починка бар...