Аида Багиќ (Загреб, 1965) дипломирала општа лингвистика и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб и магистрирала политички науки на Универзитетот Масачусетс, во Амхерст, САД. Учествувала во основањето и работата на бројни феминистички и мировни иницијативи. Води работилници за креативно пишување и завршува едукација за интегративна телесно ориентирана психотерапија. Објавила збирки поезија „Ако се викам Силвија“ (Аора 2007, Мала звона 2015 - epub), „Телата се лесна цел“ (Мала звона 2014, 2015 - epub) и „Низводно, по реките“ (Трет трг и Сребрено дрво 2019), како и кратки прози „Знам ли јас каде живеам“ (Зоро 2012, ДПКМ 2019). Нејзините песни и раскази се преведени на германски, англиски, полски и словенечки, а неколку се вклучени во „Антологијата на утринска поезија“ (2010) и антологијата на современа европска лезбејска поезија „Brez besed ji sledim“ (ШКУЦ 2015).
четврток, 1. денес тато би наполнил осумдесет и пет. веќе воопшто не ми изгледаат како некои големи години. високи, наводно. тато успеа да стигне до седум...