Author: Александар Прокопиев

АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ (1953), македонски прозист, есеист и музичар. Дипломирал на филолошкиот факултет во Белград каде што магистрирал, а, докторски студии завршил на Сорбона во Париз. Бил член на култната српска рок група „Идоли.“ Основоположник на постмодернизмот во македонската литература. Објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели и еден роман: Пловидба кон југ, Слово за змијата, Антиупатства за лична употреба, Човекот со четири часовници, Човечулец. Добитик е на престижната награда Балканика: Работи во Институтот за македонска книжевност во Скопје.