Elementi Logo

ИЗГУБЕНИТЕ ЧЕВЛИ НА СКОПЈЕ

Backgorund

Малку повнимателните шетачи не можат а да не забележат дека низ Скопје се почесто мпжат да се најдат чевли фрлени или оставени среде улица или на тротоар. Не, не станува збор за излитени обувки кои обично се оставаат покрај контејнерите со надеж дека ќе ги најде некој сиромав или бездомник. Ниту пак за патиките врзани со врвките една за друга или закачени за електрични или телефонски кабли. Понекогаш е тоа само еден чевел, небаре некоја скопска Пепелашка го оставила з да фо најде својот принц, а понекогаш се два чевела кои го збунуваат случајниот пронаоѓач

Ако некогаш наидете на овие чевли погалете го нежно градот и допрете му ги стапалата. Под прстите ќе ги почувствувате плускавците на Скопје, градот што очигледно не ги нашол чевлите. Во кои му е удобно. Фрлените обувки се доказ дека случајот е ист и со многу скопјани. Од некоја непозната причина се уште не сум ги забележал како трчаат низ улици и сокаци, слободни и боси. Но, еве, во моментов, во знак на некаква заговорничка солидарност, ги соблекувам и своите патики. И се кикотам.

(Од збирката раскази „Скопје – изгубените чевли на градот“ во издание на Или-Или, Скопје, 2020)

ЗА АВТОРОТ

Иван Шопов

Иван Шопов е македонски писател. Дипломирал на Катедрата на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј[1] во Скопје. Иван Шопов е автор на збирка раскази Азбука и залутани записи, 2010 година, за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза Меше на годината (2012), 091 – антиразгледници од Скопје, збирката раскази 091 – антиразгледници од Скопје 2018, збирката сатирични текстови Хрониките на Арслан Новинарски 2018, мини-книгата Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750 2019 и збирката раскази Скопје: изгубените чевли на градот 2020. Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик. Заедно со Владимир Лукаш, во 2019 го основа мобилниот културен центар КЦ 750. Иван Шопов работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. Тој е сопруг на писателката Николина Андова Шопова.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ