Elementi Logo

ЛУДИ ВО РАЈОТ

Backgorund

(извадок)
Заминувањето на Селим нѐ остави избезумени. Претседателот подиве. И ние обичните затвореници. Селим заминал со полициско возило. Им ветил дека ќе им најде уште102 дваесет „Кинези“, колку што беа потребни за да се пополни бројот и да нѐ испратат за Атина, а оттаму, натоварени еден врз друг, како мртво месо, во воени камиони – право на граница. Како можел да комуницира и да се договори Селим со нив, тоа многу нѐ вознемируваше.
– Ќе нѐ измачуваат – ми шепнува малиот „Кинез“. Го слуша еден од војниците и ја вперува рачната светилка барајќи го лицето кое прозборе. Спремен сум да го земам на гради ова мало црнокосо суштество.
– Ние се дистанцираме од дејството на Селим, – вели претседателот Фатион, откако и јас не сум во состојба да преведувам, ниту војниците избрани од најзаостанатите планински краишта на Грција имаат желба да слушаат. Му упатуваат три рачни светилки. Фатион машки станува на нозе. Има нешто благородно во неговото делување. Нешто неукорливо.
Еден од војниците доаѓа со Сана. Зборува на нивниот јазик.
– Жена ти? – не преведувам. Разбирливо е.
– Да, – одговара Фатион. Еден од војниците му го дава автоматот на другарот. Со слободни раце ѝ го распарчува фустанот на Сана. Сана не се слуша. Очекуваше одамна…
Ѝ го кине градникот гребејќи ја малку. Зема гумена палка и ја милува со неа по средината на грбот, потоа ѝ го става во гаќи и меко ја ниша палката. Се слуша звук од клоца. Потоа една посилна бука.
Извик на маж. Уште еден удар. Уште еден извик. Сѐ во темница. Трите светилки беа усмерени кон Сана. Трите. Рацете ѝ ги врзале за една кука која виси од таванот.103
– Готов е? – праша еден од војниците. За мажот веројтно.
– …Готов е – му одговара.
Тогаш војникот преминува напред со гумената палка и почнува да ја турка внатре. Сана не се слуша. Не сакаме да гледаме, сепак, некој што го сврте грбот се виде од рачната светилка и падна од удар. Без чувства. На под.
– Овој ми го удри другарот со клоца – ми вели грчкиот војник. Потоа праша кој знае тука грчки. Немам време да одговорам бидејќи светлото ме најде во миг.
– Кажи им на другарите. Грчкиот војник е недопирлив. – Едвај зборувам. Нека умре:
– Браќа, внимавајте. Ова е животот. Смртта никој не ја пробал.
– Браво. Браво педи му, – вели грчкиот војник. – Ова е ваша жена… Ние ќе ве гледаме сега како го правите тоа вие со жените…
Не преведов. Фатион кој го удрил грчкиот војник со клоца лежи без чувства, а Сана виси на кука, чисто месо, целосно гола.
– Сето ова ни е од Селим, – има смелост да зборува тивко малиот и црнокос „Кинез“.
– Да, да, вика Гркот на негов јазик, – за тебе ќе поставиме една столица. Да ја искинеш. Добар е сексот, нели?!
– Правам чекор напред, се слуша кундакот или осигурачот на едниот автомат.
– Сонародници. Јас сум офицер.
Сите рачни светилки се вртат кон мене. Продолжувам без размислување.
– Јас ги познавам воените закони и не работам за Албанија.
Еден од војниците излегува. Чекаме малку. Доаѓа цивилот што нѐ фати. Димитар.
– Ти?
– Да.
– Дојди со мене.
Излегувам оставајќи му го паричникот на малиот „кинез“.
Скришум.
Чекам во слободниот ходник… Речиси зажалувам. Зошто излажав?
Кој беше тој што му посредувал на Селим со полицијата во последно време. Како се ослободи? Еден војник со столица в рака влегува во ходникот на затворот. Имам разбирање за себе.
Сакав колку-толку да го избегнам омаловажувањето. Таа жива жена обесена за кука. Сана вриска одвнатре. Потоа вриска еден маж. Можеби малиот „кинез“. Малиот „Кинез“. Одбил, веројатно! А другите! А јас што да правам сега?!.

Превод од албански јазик: Крешник Ајдини

Издание на Резна, Тетово, 2022

ЗА АВТОРОТ

Вирион Грачи

Вирион Грачи, (р.1968). В. Грачи во 1992 година дипломирал на Универзитетот во Тирана на Историско-филолошкиот факултет. По дипломирањето работи како професор по странски јазици на Универзитетот „Еќерем Хабеј“. Од 2011 година е истражувач во Институтот за албанолошки студии. Првиот роман „Рајот на лудите“ е напишан кога авторот имал само 24 години. Романот е успешен, и е преведен и објавен во Франција во „Галимард“ и во Грција „Едиција ПАТАКИС“. Ги објавил „Сан Валентино“, поезија (1993); „Рајот на лудите“, роман (1995); „Рѓосан меч“ (1999), роман – сатира, „Синови на богот мајмун“, роман-сатира (1999); „Татко на дождот“, роман, (2000); Роман „Неименуваната дама“, (2005); „Јажето и збогум“, роман (2011); Роман „Сезона на сенки“, 2014 година; „Немото момче“, 2017 година, роман; „Гулабите се убиваат ноќе“ 2018 година, роман; „Ќорсокак“ 2019 година, роман; „800 чекори од Венера“, роман, 2020 година

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ