Elementi Logo

БЛИСКУ ДО САНАТОРИУМОТ

Backgorund

БЛИСКУ ДО САНАТОРИУМОТ

Од последната станица
Би пешачел кон шумата
Во насока на згуснувањето на тишината.
Зад жичаната ограда
Пациентите ги прислушкуваа
своите непрестани монолози.

Повеќе би се израдувал
На кутиите цигари отколку на мене.
Залудно како сведоци
Нудев стари фотографии.
Тоа не бевме ние
На брегот на Сава,

Додека ловевме ладовина
А тој ми објаснуваше како
Да намам смуѓ
На металниот прашалник
И дека мртвиот дел
Од речното корито
Се нарекува старача.

Гледајќи ги неговите сини очи
Ми стана јасно
Тоа веќе не беше тој.

После посетата
Стоев долго
На станицата и го чекав враќањето дома.
Понекогаш ќе зјапав
Во нотниот систем на каблите
На телефонскит столбови,
Ќе размислував за гласовите
Што патуваат преку ледините.

Во далечината, сепак,
Ќе стигнат до некого.

ЕДНОСТАВЕН СВЕТ

Медицината допрва ќе докаже
дека алергиските реакции
се всушност неизговорени зборови
шифри на нашите кошмари.

Во тие РЕМ епизоди
веќе не си главна актерка.

Мојот свет конечно
стана едноставен.
Ги допирам прекинувачите,
има педесет посто шанси
дека ќе го дополнам мракот.

Посматрај го постепеното
ладење на сијалицата,
прапочетокот на светот.

ВРАЌАЊЕ

Спуштајќи се со велосипедот од Авала
конечно бев ништо.

Дворовите ги прегрнуваа куќите
симфонија од веш на жицата,
лица на непознати деца
без насмевки.

На помпата жедта
насетуваше опасност,
близина на лепрозните
дамки од бензинот.

Не ги испратив
оштрбнатите стрелички на друмот.
зад брегот
трепереше ореолот на градот.

Добро знаев што следи,
последниот пршлен на кривината
и еден пропуштен повик.

(Од поетската збирка „Париз, Тексас“, издание на Енклава, Белград, 2020, наградена со наградата за дебитантска книига „Мостови на Струга“ на овогодинешното издание на Струшките вечери на поезијата)

Препев од српски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Владан Кречковиќ

ВЛАДАН КРЕЧКОВИЌ(1988), српски поет и прозаист. Дипломирал на отсекот за новинарство и комуникологија на Факултетот за политички науки во Белград. Автор е на романот Алекса или низ снеговите и сирените и на поетската збирка Париз, Тексас. Добитник е на наградата за дебитантска поетска книга Мостови на Струга на овогодинешните Струшки вечери на поезијата.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ