ВО ЧЕВЛИТЕ НИ РАСТАТ БУЛКИ
Локомотивите заминуваат следнто утро
мИрисливи се сите нешта околу мене
грСт болки ми растат по нозете
скуТ си топлат духовите под мамурното небо
ревнОсно е времето и бесчувствително
осум Патишта стеснува во слепа улица
дамлосАн сум и си копам по живецот
опиуми оД булките
Во чевли штО Ни рАСтат
ДОЛГА НОЌ
Преплетени стапала под чаршафите.
В длабок сон камилица.
Безпотреба и услов.
Тајната се учи
Во крвта и воздишката.
Ја повикуваме долгата ноќ
Со исконска маѓија.
За во шумата од булки да ја бараме бесмртноста.
(Од поетската збирка „Меч од мечти“ во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2021)
Диме Данов (1996) е роден во Неготино. Негови песни се објавени во неколку печатени и електронски домашни книжевни списанија како што се: „Допир“, „100000 поети за промена“ (2019 и 2020), антологијата „Гласови на нновиот век: панорама на новата македонска поезија“ (ПНВ Публикаии, 2018) а во препев на српски јазик негови песнис е објавени во „Рукописи 37“, во „Енклава“ иво седмиот број на „Блудни стих“. Учестввал на повеќе поетски читања во земјата и странство, као што се : „Астални проекции“ во Скопје, „Бесни песни“ во Лесковац, Србија и „100000 поети за промена“ во Струмица. Диме Данов е и фотограф и има освоено неколку значајни награди за фотографија, „Меч од мечти“ е негова прва поетска збирка.