Бујноста на тревките ја следам
преку росата која ги слегнува
наземи.
Натежнати ја свиваат болчицата
една на друга – посестрими.
Лиџба личат тревки на полјана.
Лиџба личат, ликуваат, лудуваат.
Следејќи ме вјасува детскиот сон.
Стефан Спасовски е роден на 2.12.2003 во Скопје. Студира на Катедрата за македонски јазик при Филолош- киот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе- книжарницата „Илика“, а во Здружението за афир- мација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias res“. Добитник е на наградата „Антев часовник“ за ракопи- сот „Ќумур смоквин млеч”, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Анте- во перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања, како: „Поетска епизода”, „Отскоч- на даска”, „Клинци” и на Скопскиот поетски фестивал. Не- гови есеи, критики и поезија се објавени на „Култура Бета“, „Репер“, „In medias res“, како и во публикацијата „Визуали- зација на современата македонска книжевност” (2025).