ДЕЦА
чук чук што што
чмаш глава имам глава
дај ми ја главата
скорец со око зло
клупата ја гледа
еј еј што што
имаш очи имам очи
дај ми ги очите
грда мачка мете
со опашка шуплив лист
ху ху што што
имаш јазик имам јазик
дај ми го јазикот
гулапче болно
се прпелка в река
ој ој што што
дај што имаш
ништо немам
ја зедов малата испотена рака
цвеќе собирала и дишела
се помолила страстно во себе
ти си зајак на љубовта ти си ждребе
ти си сонце и поток
си добилаод мајка смутка
лека ноќ
малиот јован се плаши од мракот вели
сакам кај тато в кревет
плаче зема перница вели
сакам кај тебе мамичке
не можеш не можеш мама пуши
загледана низ прозрецот
вчера видов висок
другар од младоста беше скакулец
расклатан дрдорлив е сега
маж не можеш не можеш
немој да се плашиш
ќе ти читам за каубојците
како жолтко го уплашил магарето
па го изел месото па сакале
да го застрелаат па го спасил
малото братче од мечката
па нашол бесна крава и
ја втерал во трлото
па се борел со волкот па го
застрелале заради беснило но
нема врска се родил малиот жолтко и сега тие
го имаат малиот жолтко а овој го закопаа
мамичке каде си
тука сум во својата соба
пушам загледана низ прозорецот
таму на улицата млада жена проси
со бебе в раце
оди по средината на улицата
ја прскаат автомобилите со светло и капки
си мислам како би било на тој другарот
да му седнам во скутот и така
мамичке се плашам немој да се плашиш соколу
бато е в када дрка
ќе испие после лекови
татичко е в соба гледа снимка како тепаат некои луѓе
ќе легне рано да спие
мамичка гледа низ прозорецот
таму има еден мрачен премин
пијаниот се потпрел на ѕидот
си ја лади главата
мамичка ја чита приказната па ќе пуши
загледана низ прозорецот во се
што не доживеала
нема од што да се плашиш
Препев од српски јазик: Сашо Огненовски
Фотограф: А. Стевановиќ МИЛЕНА МАРКОВИЌ (1974) е родена во Земун. Дипломирала на ФДУ во Белград на отсекот за драматургија. Авторка е на пиесите: Павилјони – каде одам, каде доаѓам и што има за вечера (2001), Шини (2002), Наход Симеон (2006), Брод за кукли (2006), Шумата блеска (2008), Змејобијци (2014), Деца на радоста (2016), Пет животи на претажниот Милутин (2018), Ливада преполна со темнина (2019), како и на сцеанријата за играните филмови Утре наутро (2007), Бел, бел свет (2009) Татковина (2016), Жив човек (2020), како и за документарниот филм Рударска опера (2007). Добитничка е на три Стериини награди за најдобар текст, како и на наградите „Борислав Михајловиќ Михиз“ и „Тодор Михајловиќ“, а за книги добитничка е на наградите: „Милош Црњански“, „Билјана Јовановиќ“ и „Ѓура Јакшиќ“, а и на наградата „Перото на Деспот Стефан“ за поезија.