Валентина Новковиќ, поетеса, прозна авторка, преведувачка, новинарка, уредничка во издавачката куќа „ЛиберландАрт“.
Умешна поетеса која знае да го отслика колоритот на интимата. Кои се изворите на Вашата инспирација кога е во прашање љубвната поезија?
„Љубовта е мрежа фрлена на вечноста“, сметал Зигмунд Бауман, и навистина, љубовта е она што не приближува кон вечноста, не прави луѓе во вистинската смисла на зборот. И во Првото послание на Св. Апостол Павле Коринтјанинот пишува: „Ако јазици човечки и ангелски зборувам, а љубов немам, тогаш сум како ѕвоно кое ечи, или кимвал којшто ѕвечи. А сега, остамува верата, надежта, љубовта, овие три: но од нив е најголема љубовта. Значи, најубавата одежда на битието е љубовта. Стиховите се испишуваат самите, нема посебен ритуал, нешто ме допира и се создава песната, таа е внатрешен монолог кој низ стиховите постанува чуен и за другите. На кој начин ќе го чујат, зависи од личните импресии, на оној што секој го носи во себе. Но, согласна сум со она што го сметал Тагоре: „ја нема таа поезија што би можела да се вивне до оние висини до коишто допира љубовта.“
Неодамна од печат излезе мојата трета, а четврта по ред поетска книга „Одгатнувалки на нежноста“, книга со љубовна лирика која само наизглед се занимава со партнерската љубов. Таа е, всушност посуптилниот приказ на мојот поглед на светот, на обидот да с епрепеглаат нерамнините, да с енаправи нешто додека „жирафите не ги кренат главите, слоновите не ги достигнат опашките, водата не се повлече од хоризонтот во којшто сме се загледале еднаш.“ Да бидеме само она што сме, мислечка љубов, подвижна нежност, битија на емпатијата. „Само да бидеме ние во облеката од разбирање на тешките равенки на времето, во обувки кои се исполнети со камен, за д ане одлетаме пред да е кажано пред едновистината на Спознанието.“ („Преодени“, Одгатнувалки на нежноста, 2021) Препораките ги потпишаа Гојко Божовиќ, Драган Лакиќевиќ и Драган Танасиевиќ, истакнати, со награди овенчани поети, есеисти, антологичари … Неизмерна е чест, но и одговорност кога добивате порддршка од ваквите творци за да истраете, трудејќи се да бидете подобри.
Првата поетска збирка „Безвремено“, покрај интимистичкиот, со себе носи еден иреален, имагинативен лакмус. Читателот има впечаток дека оваа поезија се движи по многу остриот раб меѓу романтизмот и импресионизмот. Кој е Вашиот впечаток кога ќе ги погледнете повторно тие стихови?
„Безвремено“ е првата самостојна поетска книга пишувана во текот на една деценија. Пред неа имаше повеќе антологии во кои беа застапени моите стихови, многу од нив се преведени на англиски, полски, руски, романски, узбечки и киргиски јазик. Согласна сум дека песните носат интимистичка нота, од себе не можеме да побегнеме, дури и тогаш кога тоа го правиме свесно, секогаш е тука нешто што не издава, стихот, зборот, сенката на маргините на книгата. Она што не е напишано, но сепак се крие на рабовите и повикува да биде одгатнато. Имагинацијата е составен дел од секоја уметност, реалноста може да биде основата, појдовната точка, но имагинацијата е таа тајна состојка којашто разликува едно творечко дело од другото. Кога од оваа перспектива ќе ги погледнам стиховите од оваа книга и понатаму ме држи истиот занес, можеби, ако сега правам избор, некои други песни би биле дел од книгата, но во сите сум јас. И тоа неодстапување од себе, оној тенок глас е неопходен заради согласувањето со самиот себе. Се почнува од тоа, а крај на творењето нема. И секогаш подобро, поинаку, добро е додека е така. Поетот има свое мерење на времето и личниот свет, можеби како што вели Албер Карако: „никој повеќе не по мерка на времето, ние сме надминати“, затоа го создаваме нашето време. А оригиналноста на некој поет се наоѓа во неговата способност не да пронајде нешто ново, туку да дефинира и да даде изблик на нешто за што постои потреба да постане видливо, нешто што веќе е на пат да се роди. (Насо Вајена)
Уште една таинственост. Во оваа поетска збирка Вие потенцирате некои букви. Тоа е на некој начин мултизначно, но веројатно е и некој мистичен код за кој би биле нестрпливи да дознаеме кој е тој и од каде доаѓа.
Во книгата Безвремено“ поедини зборови можат да се читаат и како една, и како две, за да се означи почетокот на другиот збор ставена е болдирана буква. Ми беше интересно, од еден да направам два збора доживувајќи го напишаното секој пат на друг начин. Песната е мистичен код сама по себе, тоа е она што ја прави поезијата безвремена и севремена, но она што е разрешување, ако воопшто го има, треба читателите да го откријат самите, како пто песната не завршува со точка, туку со секое ново читање се допишува. Поетот одсекогаш ги гледа појавите на нешто поинаков начин, си поигрува со зборовите, со смислата, со подсмислата, ги следи треперењата на невиденото. Отец Јустин Ќелијски сметаше „дека околу видливото и зад видливото се простира безбрежното море на невидливото“, а јас би рекла дека стихувањето е некој вид на обид тоа бескрајно, безбрежно море на невидливото да се направи видливо. Еве неколку стихови од оваа поетска книга:
Со невидлива рака во поГгрешен шпалир уФрлена
(со самоЛагата на насмевката во верување дека постојат виситнските)
Кривам со неисчекорно, зашто се можно сум изОдела,
Вдолж попреку не го решив кРстозборот.
Со втората поеска книга „Сува капка“ вие ни ја отворате вратата на тагата, би рекле дека е тоа поетски реквием кој е, од друга страна и стилски многу длабок. Кажете ни нешто за филозофскиот аспект на оваа Ваша поетска збирка.
„Сува капка“ (Партенон, 2018) е книга посветена на мојата упокоена мајка, или на женскиот родослов воопшто, таа е патот на болката, жалта, сонажувањето, смиреноста, дамарите, слабоста и на крајот на помирувањето со сопствениот и сите оние што с ена патот кој мора да се изоди колку тој пат да ни бил отежнет. Мене пишувањето на оваа книга ми помогна да се помирам и да се примирам, кривејќи да го издржам тој пат од себе дос ебе, чисто заради одговорот на прашањата кои се насетуваа. „Човекот пишува за да си ја поврати изгубената чистотија“, напишал Лоренс Дарел и во тоа има вистина, а пишувањето е, на некој начин поминување на златото низ огнот,з а да се потврди неговата автентичност. Добро рековте, тоа е на некој начин поетски реквием не само за упокоената драга личност, туку и за заблудите со кои свесно или несвесно се соочувавме, а не сме можеле да ги пребродиме и да ги осветлиме единствено со светлото на смислата и опстанокот. Тоа е спасоносна, животворна Капка која овозможува опстанок, преживување, наспроти се. Таа лач која во најцрниот мрак, сепак се изборува за Светлина. Затоа што, фала му на Бога, смрт нема. Се е Пат кон Светлината, во Воскресение.
Поетесата напишала и една збирка раскази. Збирка која балансира меѓу брановите на маѓискиот реализам и еден флуиден импресионизам. На кој начин е оваа збирка раскази референцијална на Вашето животно искуство?
Збирката раскази „Двачаса од вистината“ (УКС, 2020) наиде на многу убав одѕив кај читателите, исто како и кај книжевните критичари. За книгата пишува амногу истакнати творци како мр Душан Стојковиќ, др Милутин Ѓуричковиќ, Милован Станковиќ, Ранко Павловиќ, Маја Белегишанин,Љубодраг Стојановиќ и др. Книгата е поделена на четири целини и ја сочинуваат раскази со социјална тематика, хуморески, раскази кои во себе содржат елементи на фантастика проникнати со реализам, како и оние кои се однесуваат на најделикатните, партнерски односи. Расказите се создадени во минатите две две децении, а со оглед на околностите, а се објавени после две поетски книги. Во се што сме напишале, има дел од нас, сос амото тоа што сме автори, во некој став, постапка. Личното не може да се избегне, а на тоа не треба ни да се инсистира. Расказите се и во нас и околу нас, понекогаш ги побаруваат, а понекогаш ги повикуваме. Убаво дефинирал Чехов пишувајќи: „Дајте ми пепелник и јас од него ќе направам расказ.“ А на маѓионичарот на краткиот расказ треба да му веруваме.
Вие сте наградувана преведувачка од руски јазик. Колку е според вас преведувањето кретивен чин?
Преведувањето е како повторно испишување на едно дело. Понекогаш „лично толкување“ на неизреченото, на она што, можеби, останало да лебди на патот од авторот до преведувачот. Секако дека е креативен чин, прилима да се биде дел од нечиј поетски или прозен свет, драгоцена е и тешко е да се спореди со нешто друго. Со преведувањето, препевањето се испреплетуваат две култури, традиции, погледи на светот, одгатнувањето на нежните треперења на нечија душа … што е уште поважно, од тој преплет понекогаш се изродува и инспирација за некои лични творечки импресии.
Се обидовте и во поезијата и во прозата, и тоа многу успешно. Каде с енаоѓате себеси во некои понатамошну креации што се однесува до книжевниот род и жанр?
После три поетски и една прозна книга, време е за роман. Се надевам дека и ќе биде така. Но, и за монодрама која е во подготовка. Ние сонуваме, Бог остварува. Позеијата е ниша во која се чувствувам заштитено. Таа е моја прва средба со поинаквите, небоземни нишки без кои битствувањето би било посиромашно, со многу помалку бои во калеидоскопот на стварноста, па сум сигурна дека ќе има уште поетски книги, но и прозни, ако е така запишано.
Каде е местото на српската поезија во светските рамки на поетските движења?
Српската поезија на светот му го даде Стеван Раичковиќ, Бранко Миљковиќ, Радослав петковиќ, Васко Попа, Момо Нсстасиевиќ, Милутин Боиќ … тоа е поетска нишка која достојно не претставува во светот. И современите поети како Драган Данилов, Гојко Божовиќ, Драган Лакиќевиќ, Матија Беќковиќ, Злата Коциќ и многу други чие поетско слово за слава и чест на поетските претходници продолжуваат по тој пат. Би рекла дека е Србија земја на поети. Многу често во зборовите на некој кој никогаш не се обидел во поезијата се насетува песна и тоа каква! Изворна, благо неизбрусена!
Имате големо познавање на руската книжевност. Кои се вашите примери и колку имаат тие влијание на Вашата работа?
Кога би започнала со поетите, тогаш спискот секако дека би бил пофолг, но ги издвојувам Ахматова, Цветаева, Блок, Мајаковски, Окуџава, Висоцки, Арсениј Тарковски, Пастернак, Фета … Секакод ека списокот со ова не се завршува. Секој од нив, на некој начин влијаеше на мојата работа, поттикнувајќи ме на промислување, отворајќи ми го светот на поинакви енергетски струења, кои за творецот се драгоцени. Од прозните писатели би го истакнала Достоевски (чија творечка ингениозност по мое скромно мислење е тешко да се повтори) Чехов, Булгаков, Грибоедов, Њекрасов, а посебно Замјатин, многу актуелен и во сегашно време, посебно акос е знае дека неговиот роман „Ние“ во кој Единствената држава ја потиснала слободата во корист на среќата настанал пред пред Орвеловата „1984“ (1949) и романот на Хаксли „Доблесниот нов свет“ (1932). Уште од срудентските денови ги читав со задоволство руските религиозни мислители, меѓу кои Берѓаев, Соловјов … „Самозпознавањето“ на Берѓаев, мене, тогаш бруцошка, ми остави многу силен впечаток, тоа беше духовен потрес. Воопшто, руската духовна литература е она што го читам со големо задоволство, а последна во низата е книгата „Несвети, а свети и други приказни“ на Архимандрит Тихон (Шевкунов).
Дали поетесата чита повеќе поезија или проза? И што моментално чита?
Научива д ачитам многу рано, со пет години и се сеќавам дека на дедо ми, татко на мојот татко, му читав на глас написи од Политика, секако оние пократките.Набрзо станав членка на библиотеката и тоа на многу необичен начин. Пораснав на Хаџипоповац, две улици од онаа на која што живеев, на Приморската улица се напѓаше, а фала му на Бога и денес се наоѓа библиотеката „Милутин Боиќ“, огранок „Хаџипоповац“. Во тоа време, во неа работеше една прекрасна жена, ерудита, некој што живееше низ книгите и за нив. Еден летен ден си играв со децата од соседството, а библиоткарката Добила не повика и ни подари сликовници. Условот да ги добиеме на подарок беше тој кога ќе ги прочитаме да ојдеме кај неа на посета и да и ја прераскажеме нивната содржина. Другите деца се откажаа, а јас го исполнив ветуваето и ете, од својата петта година сум активен член на библиотеката и посветен читател. Во почетокот тоа беа сликовници, подоцна бајки, раскази, редовната училишна лектира со мкоја заедно читав и нешто по свое или по зибор на Добрила, потоа на студиите по славистика она што го изучувавме на факултетот и се така до денешен ден. Со оглед на убавите околности во таа иста библиотека, веќе неколку години наназад ја водам трибината „Разговор со поетот“ на која гостуваа многубројни поети од земјата и од регионот, верувам дека набрзо ќе се вратиме на редовните активности, затоа што неизмерно се радувам на новите поетски книги од драгите колеги по перо. Читам подеднакво поезија и проза. Признавам, почесто поезија и во чантата секогаш имам барем една книга поезија. Тоа е мојата духовна храна. Како уредник во издавачката куќа „Либерланд Арт“ читам и многу различни ракописи што ги испраќаат авторите во нашата издавачка куќа. Се радувам на секоја нова книга, било да е тоа поетска или прозна. Моментално паралелно читам повеќе книги: „Течен кристал, антологија на српскиот микро есеј на 20 век“ на Зоран Богнар, „Песни на еден читател“ на Драган Лакиќевиќ, „Животот на инсектите“ на Виктор Пељевин. Во последните седмици во чантата ми се наизменично „Пространството на снегот“ на Романскиот пет номиниран за Нобеловата награда.
којашто имав привилегија да ја препеам на српски јазик и „Демонот на Соловјов“ на Никола Кајтаз.
————————————————————–
ВАЛЕНТИНА НОВКОВИЌ (Србија), поетеса и раскажувачка и преведувачка од руски јазик. Досега објавила три поетски збирки и една збирка раскази Застапена во повеќе антологии о книжевни списанија во Србија и во странство.
Елементи