ОГЛЕД ЗА ЅИДОТ
III
Еми и Нолан се пред влезот од нивната зграда. Тој во раката држи мал камкордер. Таа си става кармин на устата огледувајќи се на џепното огледало.
НОЛАН
И?
ЕМИ
Ништо. Баш ништо. Посилен впеаток на мене остави првата шеќерна волна што сум ја изл. Ловец во ‘ржта. Првото ноќевање без родители во викендичката на езерото Симко.
Нолан го вади капачето од камкордерот. Воздивнува.
ЕМИ
Зошто воздивнуваш?
НОЛАН
Сега, кога дознав за какво невпечатливо искуство се работи, жал ми е што сум се трудел да не го стекнам и порано.
ЕМИ
Малку несотасуваше да го направиме тоа минатата година.
НОЛАН
И предминатата.
ЕМИ
И таа пред неа.
НОЛАН
Кога подобро ќе размислам...
ЕМИ
Ние отсекогаш се разведуваме.
Нолан ја бакнува Еми во челото.
ЕМИ
Сега можам да го изговорам тој збор.
НОЛАН
Чекај.
Тој кадрира.
На сцената стапува Симур: носи два куфери. Тој е долгокос човек со високи јагодички, со крупни очи и подочници. Кожата му огрубела (од тутунскиот чад), а белките му се вцрвениле (од алкохолот). Облечен е во црно и сино и во ниедна друга боја.
Еми зјапа во Симур како хипнотизирана.
Нолан швенкува кон Симур.
На сцената стапува госпоиѓа Пинкус со кучето.
Симур се загледува во Еми, а потоа исчезнува во зградата. Во неа влегува и госпоѓата Пинкус.
ЕМИ
Ја виде ли ти таа фаца?
НОЛАН
Ја видов, па што?
ЕМИ
Ништо.
Нолан го вклучува камкордерот.
НОЛАН
Снимам.
ЕМИ
Развод. Разведена сум. Разведени сме.
IV
Ненад Јовановиќ (1973) е автор на следниве книги: - „Фрезно“ (поезија, 1993) - „Велт-“ (поезија, 1994) - „XIX“ (поезија, 1996) - „Игњат“ (поезија, 1997) - „Бели имиња“ (поезија, 2000) - „Пломби“ (приказни, 2001) - „Болест на возење“ (поезија, 2002) - „Живеење на модерен и умирање на стар начин“ (поезија, 2004) - „Инсистирање“ (роман, 2005) - „Есеј за ѕидот“ (драми, 2006) - „Лице на местото“ (поезија, 2007) - „Делфини“ (поезија, 2014) - „Низ гелендер“ (приказни, 2015) - „Брехтовски кина: Монтажа и театралност во делата на Жан-Мари Штрауб и Даниел Ује, Питер Воткинс и Ларс фон Трир“ (студија, 2017) - „Класи“ (поезија, 2018) - „Обичност“ (избор на песни; приредувач: Бојан Васиќ, 2020).