Elementi Logo

НЕ ПРЕД 4.30, НИТУ ПОСЛЕ 5.00

Backgorund

II ДЕЛ

ИЗЛЕТ СО СЕМЕЈСТВОТО

МАЖОТ

Отидовме покрај реката

Во малото војводинско место

Каде комарците напаѓаат посилно

А девојките носат помалку

Отидовме покрај реката

Мојот брат

Неговата жена

Неговото синче

Мојата мајка

Ги извадивме чевлите и ги собувме чорапите

Ги ставивме нозете на лигештулите

Таму знаевме да одиме

Кога беше убаво

А сега е убаво

Нешто после Велигден

Кога денот конечно трае

Колку што денот треба да трае

Мајка ми порача лимонада

И бараше да ја сликаме

Додека седи на нишалката

Која лебди на Тиса

Бараше да седнеме на нишалката покрај неа

Мојот брат и јас

Еден на едната страна

Другиот на другата

Жената на брат ми не фотографираше

Но тогаш мојата мајка

Ја повика и жената на брат ми

Да ни се придружи

Не фотографира келнерот

Тоа изгледаше отприлика вака

(па сега некако се наместуваат како изгледаше тоа)

МАЈКАТА

Не знам што е она

Дали е петел или паун

Дали е кокошка или фазан

Ја, еве жими мајка

Не знам што е она.

МАЖОТ

Покажа на животните

Што скокаа покрај нас

И навистина

Никој од нас не знаеше што е

Дали е кокошка или фазан

Дали е петел или паун

МАЈКАТА

Вие сте дудуци на мене

Може сè да биде

А овој малиот

Немој да не знае што е

Кокошка фазан петел паун

Немој да не знае

Да не речат

Види ги овие градскиве деца.

МАЖОТ

Се насмеавме

Мајка ми беше поубава под сонцето

Отколку во куќата

Беше помлада на нишалката

Отколку на искршениот кауч.

БРАТОТ

Тој ќе знае многу

И што е петел паун

Тој ќе знае повеќе

Отколку што знаеме ние.

ЖЕНАТА

Го зедов детево од количката

Му ги извадив чорапите

И го ставив на тревата

Оди

Малечок

Оди

Му реков

А малечкиот падна.

МАЖОТ

Точно на првиот роденден

Го направив првиот чекор

Беше килав, велат

Вториот веќе беше подобар

Третиот сигурен

А четвртиот

Остана онаков

Каков што е денес.

БРАТОТ

Ајде малечок

Една нога

Хе-хе

Немој да речат дека си на мене

Па да проодиш на двете

Кога веќе сите одат наголемо

Кога некои веќе трчаат

Ајде малечок

Една нога

Хе-хе

Па друга

Види го

Падна!

МАЖОТ

Одев од едната маса

До другата

Мајка ми ги рашири рацете

А татко ми ја прегрна!

МАЈКАТА

Па тој оди

Да го ебам!

МАЖОТ

Така рече.

МАЈКАТА

Гледај како одам јас

Колку ми е силна ногата

Па да, што се смеете

Цврсто ногата на земја

Една па друга

Така е

Ајде

Пичка му …  пак падна.

МАЖОТ

А потоа јас му пријдов на синчето

Го фатив за раката

Мајка ми продолжи да се ниша

Испивајќи ја лимонадата

Братот снимаше сè

Неговата жена се смееше

И го предизвикуваше петелот паунот кокошката или фазанот

Го фатив синчето за рака

И го пуштив

Тоа направи еден чекор

Ајде малечок

Делуваше како да ќе падне

Па направи друг чекор

Малку подобар

Браво малечок

Третиот чекор веќе сигурен

И со четвртиот стигна до мојата мајка

МАЈКАТА

Па тој оди

Да го ебам!

МАЖОТ

Мајка ми скокна од нишалката

И го бакна синчето

Мојот брат ја бакна својата жена.

БРАТОТ

Снимив

Се снимив.

(Пиесата е наградена со Стериината награда за најдобар драмски текст)

ЗА АВТОРОТ

Филип Груиќ

ФИЛИП ГРУИЌ (1995), драматичар и прозен автор. Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности на Белградскиот универзитет. Автор е на неколку драмски текстови кои се поставени низ сцените на Белградските и Новосадските театри: Не пред 4.30 и не после 5.00, Вилиците на Ебен Баерс, како и на романите Блудните денови на курестиот Џони и Потстанар кој влезе во потесен круг за НИН-овата награда и за Наградата на Европската унија. Добитник е на Стериината награда, наградата Слободан Селениќ и наградата Борислав Михајловиќ Михиз. Во подготовка се македонски и бугарски превод на неговиот роман Потстанар.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ