Elementi Logo

МАЕСТРО

Backgorund

„ШУМА“, ПОЈАВА НА ЕДЕН Бумбар

(Во Сомборската гимназија, 1910 г.)

НАСТАВНИКОТ КИРАЉ
Изберете. Üdvözlet Budapestről! Grüsse aus Salzburg…Saluti da Venezia. Париз. Можеби ја сакате Москва? Баден-Баден. И еве имаме поздрав од Пожун…
КОЊОВИЌ
Дали повторно ќе песликуваме разгледници? Útálom a razizorákat! И не ја сакам таа геометрија во цртањето – права, вертикала…
БУМБАР
И што сакаш? Онаа малечката…
КОЊОВИЌ
И да свирам на клавир.
БУМБАР
Учителот Кираљ добро зборува српски…
КОЊОВИЌ
Па нека ме слушне, многу ми е гајле…
БУМБАР
Исто како унгарскиот…Ќути! Ќе заработиш укор…
НАСТАВНИК КИРАЉ
Прво ќе ги забележите геометриските фигури. Она што го гледаме овде: нашиот парламент. Господине Коњовиќ, татко ви е во Собрание, нели? Па, можеби сте можеле да го почувствувате тој велелепен простор одблизу…
КОЊОВИЌ
Секако. Но, господине, Nehezen megy nekem a tezrezás.
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Тоа е добро! Кој се бори ќе постигне нешто.
БУМБАР
Ах, таа пемзла ти е добра… ама сликар нема да станеш…
КОЊОВИЌ
Од Пешта.А јас нема. Јас ќе бидам музичар. Јас ќе бидам се. И ти ?
БУМБАР
Јас ќе бидам…
КОЊОВИЌ
Ве молам, господине, ќе ми дозволите ли да сликам низ природата?
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Низ природата, Коњовиќ? Добро, ќе го прифатиме тоа. Слободно сликај. И што ќе црташ?
КОЊОВИЌ
Шумата, нашата Шикара и безданската шума. Во есенската сезона. И плоштадот Свети Ѓорѓи, навечер. Бајската улица во магла, навечер. И кочијашот, напладне.
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Интересно. Шумата? А зошто шумата? И зошто го нагласувате времето од денот?
КОЊОВИЌ
Не знам, така се чувствувам. Az erdő titkokat rejt, van benne valami megmagyarázhattalan erő.
УЛИТЕЛОТ КИРАЉ
Да ја споредиме мојата и твојата шума Коњовиќ. Но, која е разликата според вас, млад господине?
БУМБАР
Јас…сето тоа ми е некако…исто.
КОЊОВИЌ
Како? Мојата шума е во магла.
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
И мојата шума е обвиткана во магла.
КОЊОВИЌ
Но, имаш магла пред шумата, а јас ја обоив шумата за да се чувствува како да има магла во неа.
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
А што има зад шумата?
КОЊОВИЌ
Gyerekkoromban az hittem, az erdő Pestet takarja el.
БУМБАР
Пешта, веднаш зад беданската шума…Милан има магла во главата…а има и пемзла од Пешта!
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Но, како веќе се викате, млад господине…
БУМБАР
Јас се викам Милан Јелачиќ, господине
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
И што сликаше? Ајде да видиме… што е тоа?
БУМБАР
Коњ, господине.
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Коњ? Некако повеќе ми личи на Бумбар.
КОЊОВИЌ
Бумбар. Ќе те викаме Бумбар.
БУМБАР
Јас не сум бумбар, го имам своето чесно име. И насликав, молам, прекрасен коњ…
БУМБАР
А вашата пемзла е од Прњаворско опавче!
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Како го направи тоа Емил?
КОНОВИЌ
Не знам. Јас го насликав.
УЧИТЕЛОТ КИРАЉ
Овие гранки под снегот, изгледаат, – како на анзихтскарт. А грмушката е разиграна….. Емил, ќе ги земеме твоите дела за студентската изложба.
КОЊОВИЌ
Имам повеќе дела во природа…
БУМБАР
Ќе се пофалите со сликите пред таа мала комшика.
КОЊОВИЌ
Сакам да се оженам за неа, бумбарче!
БУМБАР
Кутрата твоја жена.

Превод од српски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Миливое Млаѓеновиќ

Миливое Млаѓеновиќ (1959 г.) Дипломирал на Филолошкиот факултет, 1982 година, група за југословенска книжевност и српскохрватски јазик - книжевност и новинарство. Магистерскиот труд под наслов „Книжевни модели во детските драми од Александар Поповиќ“ го одбранил на Учителскиот факултет во Сомбор во 2002 година. Докторирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград со тезата „Преобликување на моделот од бајките во српската драмска литература за деца“ (2007). Работел како новинар (од 1982 до 1989 година), бил директор на Народниот театар во Сомбор (од 1989 до 2000 година), потоа уредник на театарските изданија во овој театар (од 2000 до 2002 година). Во 2003 година е избран за асистент по предметите сценски уметности и курс по драма и рецитатирање на Факултетот за образование на наставници во Сомбор. Истата година е назначен за раководител на Српскиот народен театар во Нови Сад. Од 2009 до 2012 година бил директор на установата Стеријно позорјПокрај научните трудови од областа на методологијата на наставата по литература, пишува и објавува театарска и книжевна критика, есеи, репортажи, сценарија за телевизиски емисии, уредник е на бројни специјализирани театарски претстави, писател на афоризми, театарски претстави за деца и патописец. Автор е на книгите „Челични и други за сцената на бајките“, „Змајев дечје игре“, Нови Сад, 1997 година, „Патувања од театарот“, Спектарбук, Сомбор, 1997 година, „Зез-рез“ (афоризми. ), Информативен центар , Сомбор, 1992., „Сценски бајки на Александар Поповиќ“ (студија), Театарски музеј на Војводина, Нови Сад, 2005 година, „Чудни ѕверови на чек“ Мултимедијален меѓународен сервис Нови Сад и „Игри со змејови за деца“ Нови Сад (2007), „Карактеристики драмски бајки“ (студија), Стеријно позорје - Театар музеј на Војводина, Нови Сад (2009), „Скандалозна комедија“ (карневалска ретровизија во единаесет, а можеби и дванаесет слики), „Светозар Марковиќ Библиотека и Фондација „Зоран Радмиловиќ“, Заечар, 2010 г. За неговиот исклучителен придонес во развојот на театарската уметност во Србија, во 1996 година е награден со наградата „Никола Петровиќ Пеца“. Златната повелба „Лаза Костиќ“ за најдобра репортажа во весниците му е доделена на Меѓународниот репортажен фестивал „Интерфер“ во 1997 година, а втората награда за театарски есеј на театарскиот фестивал „Денови на Миливој Живановиќ“ во Пожаревац во 2002 година. Основач е на театарската манифестација „Театарски маратон“ кој секоја година се одржува во јуни во Народниот театар во Сомбор.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ