СЦЕНА 11
БОЖИДАР е излезен пред домот, стои, држи цигара во раката. Облечен е во костимот, наметката му виси одзади, го носи дебелите очила, одвреме навреме, пуши. Од другата страна на улицата поминуваат мајка и дете. Детето се загледува и почнува да вика накај БОЖИДАР.
ДЕТЕ 1
Мамо, еене го Супермен1 Супермен!
БЕТИ
Доста, те молам, не викај. Каков Супермен, какви бакрачи.
Жената се завртува налево и го здогледува БОЖИДАР како стои.
БЕТИ
Аууу, да ти ебам... што е ова? Ккао повеќе да си вели самата на себе. Веднаш го зема телефонот и почнува да телефонира некаде. Ало, Драгана. Шо праиш бе? Абе, еве со малава, ја носам во школо, поминувам покрај домов... кај што е татко ти... гледам некој човек стои облечен во костим на Супермен. Молам? Да, да. Стар е бе. Е сеа, не загледав дали е он... Нер знам, маскенбал да не имаат. А да си видиш ти најубаво, а?! Мислам, извини вака, ама чудно ми падна... Ма шо фала... Ајде, ајдеее...
СЦЕНА 12
ДРАГАНА задишана влегува во домот за стари лице и брзо чекори низ ходникот. Влегува во собата за дневен престој и ги затекнува сите како седат маскирани.
ДРАГАНА
Што е ова?
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Драгана?
За момент, во и онака тивката просторија наеднаш настапува мртва тишина. Сите се преплашени, им се гледа во очите.
ДРАГАНА
Тато, што правиш? Што сте облечени вака?
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Драгана, сине, дојди седни.
ДРАГАНА
Не, нема да седнам. Што е ова? Кај е сестрата?
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Кај Рушка... и менува постелнина.
ДРАГАНА
Сестро!!! Доктор!!!
Во просторијата се појавува управникот ГЕОРГИ.
ГЕОРГИ
Слусам викање, па помислив нешто да не се слуцило. А тоа да ти било сосема обична посета.
ДРАГАНА
Вие сте управникот, така?
ГЕОРГИ
А вие сте ќерка на некој од господава?
ДРАГАНА
Да, јас сум ќерка на Суп... Гледа во татко и и се збунува поради костимот што го носи. На Божидар Анастасовски. Какви се овие глупости? Тато, пакувај се! Возрасни луѓе ви изигруваат кловнови овде, срамота!
ГЕОРГИ
Не се кловнови. Тоа се супер херои.
ДРАГАНА му се внесува в лице на управникот ГЕОРГИ, но со тивок и самоуверен тон.
ДРАГАНА
Знаете дека ќе бидете тужени за ова? Ќе одговарате!
ГЕОРГИ
Зосто?
ДРАГАНА
Ме прашувате зошто? Затоа што нбе смеете да им го правите ова на луѓето.
ГЕОРГИ
Ама сто им правиме?
ДРАГАНА
Тато, станувај, одиме!
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Ама, полека, Драгана.
ДРАГАНА
Нема полека. Станувај!
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Не одам јас никаде.
Во моментот влегува ЈОСИФ, синот на ПАВЕЛ.
ЈОСИФ
Што се случува? (Ги погледнува старците како седат маскирани во просторијата за дневен престој.)
ПАВЕЛ/БЕТМЕН
(Го гледа син му имплеснува со рацете) Ебате к’сметот, улетаа ден пред одмор.
ЈОСИФ
Добри сте?
ПАВЕЛ/БЕТМЕН
Добри сме, бе, што ни фали?!
БРАНКА/СНЕЖАНА
Да, да.
ЈОСИФ
А зошто сте облечени вака?
СТРАХИЛ/СПАЈДЕРМЕН
Така е договорот.
ЈОСИФ
Каков договор? Кој е надлежен овде? Стари, добар си? (Му се обраќа на ПАВЕЛ)
ДРАГАНА
Овој овде е надлежен! (Покажува на управникот ГЕОРГИ.)
ГЕОРГИ
Јас, господине.
ЈОСИФ
(Тргнува накај управникот ГЕОРГИ и си заминува среде разговор) Господине... за ова ќе се дознае јавно, а вие дома кажете им дека нема да одите на ручек (погледнува на часовникот) бидејќи ќе имате работа овде... со полиција.
ГЕОРГИ
Господине, јас сум веќе руцан, а и господава сто ги гледате, така сто ние немаме проблем и да поцекаме некого ако треба.
Овој го игнорира последниот дел од разговорот и почнува да телефонира.
ЈОСИФ
Ало? Полиција? Ве молам... одма да пратите некого во домот за стари лица „Скопје – младост“... злоставување на стари лице. Во ред... Му се обраќа на ГЕОРГИ. Еве, сега ќе дојдат, па да видиме... што сте ручале и што ќе кркате допрва.
Повторно с евраќа кај пензионерите.
ЈОСИФ
Добри сте?
ПАВЕЛ/БЕТМЕН
Да, бе.
ЈОСИФ
Ве малтретираа?
ПАВЕЛ/БЕТМЕН
Ма какво малтретирање, не зборувајте глупости.
ДРАГАНА
Па зошто сте вакви?!
ШАВЕЛ/БЕТМЕН
Ама ради договорот.
СЦЕНА 13
Пред домот за стари лица „Скопје – младост“ се паркира полициско возило. Излегуваат тројца полицајци и еден инспектор во цивилна облека, но со значка. Се упатуваат накај влезот на домот.
ГЕОРГИ
Добар ден.
ИНСПЕКТОРОТ
Кој е овде надлежен?
ГЕОРГИ
Јас. Јас ум управникот.
ИНСПЕКТОРОТ
Каде може да разговараме?
ГЕОРГИ
Во мојата канцеларија, повелете.
Во меѓувреме, ИНСПЕКТОРОТ им с еобраќа на полицајците.
ИНСПЕКТОРОТ
Земете изјави од сите присутни.
ПОЛИЦАЕЦ 1
Во ред.
ИНСПЕКТОРОТ и управникот ГЕОРГИ се упатуваат накај канцеларијата, а другите остануваат во просторијата за посета.
СЦЕНА 14
Се отвора вратата од канцеларијата. Излегуваат ИНСПЕКТОРОТ И управникот ГЕОРГИ и разговараат.
ИНСПЕКТОРОТ
Изјавите со писмена белешка од лице место се за полицијата, а ако ова тера до обвинителството, треба пак да се даваат изјави.
ГЕОРГИ
Ми се цини дека е тоа најмал проблем.
ИНСПЕКТОРОТ
Вие си знаете... веројатно ќе има судење.
ГЕОРГИ
Во ред, ќе плаќаме такси.
ИНСПЕКТОРОТ
Какви такси?
ИНСПЕКТОРОТ
Такси превоз.
ИНСПЕКТОРОТ само го погледнува и не му одговара ништо. Влегуваат во просторијата за дневен престој. Таму и натаму седат старците кои веќе ги дале изјавите.
ГЕОРГИ
Добро, што правиме сега?
ДРАГАНА
Сега се гледаме на суд.
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Си одите?
СТРАХИЛ/СПАЈДЕРМЕН
Нема да поседите?
ДРАГАНА
Тато, пакувај се ти, биди спремен, од утре ќе видам кај да те префрлиме.
ЈОСИФ
Ајде... Значи, ти кажав, деновиве ќе пратам луѓе да те земат.
ПАВЕЛ/БЕТМЕН
Не можам деновиве, барај ме од понеделник натака, тогаш ќе бидам послободен.
БОЖИДАР/СУПЕРМЕН
Јас ќе почекам Павел да с еослободи...
Ова го кажуваат додека се движат. Еден по еден, излегуваат и полицајците.БОЖИДАР им салутира. Сите остануваат во просторијата, молчат и гледаат како излегуваат полицајците еден по еден.
(Од книгата „Прв лет“ во издание на Полица, Скопје, 2025)
Мартин Стрезоски е роден во Скопје, 1987 година. Дипломирал и магистрирал право. „Прв изЛет“ е негова прва книга, збирка драми.