Elementi Logo

ДРВЕНИ ПТИЦИ

Backgorund

Павле
Четири дена пред тоа. Доцно попладне. Разговара со Зденка во исто време кога и Шпилер
Кујна кај Ката. Павле се спрема да излезе. Ката му вели дека е студено и да остане дома.

ПАВЛЕ
Шо бе да студи? Јас сум жежок дечко.
КАТА
Пак ќојш в крчма? Кај Барбара? Ѓаволот да те земи со неа.
Само дипка има за затворање. Нема корист од неа.
Шо си мислиш газдарица. Таа можи да господари в крчма.
Сите ќе се нафркаат, после таа малку точи, појќе наплаќа.
Дури сте сите пијани, не познавате ништо.
А утре ќе се прашваш кај ти се парите.
ПАВЛЕ
Ај, смири се Като.
Тебе сите ти се непријатели. Откако се разболе и оние малку со кој шо беше добра веќе ги немаш. Како да влегол во тебе ѓаоло црн.
КАТА
Е да, во мене црнио ѓаол, а во тебе белио.
Влегваш, излегваш, никогаш не кажваш кај си одел, да се случи нешто кому јас знам да му кажам сај со одел и со кој си бил.
ПАВЛЕ
А шо ќе ми се деси? Глеј ги тие шаки и раце. Барем то го немам на тебе. Шо би можела ти со твојте штркалца? Ништо. Па мислиш дека и другите така не можат ништо.
КАТА
Да, сега ти се тие штракалки. Кога беше малечок не ти беа.
Шо се не носев со нив. Тебе, две канти вода од бунарот и вреќа со компири носев наеднаш.
Ама како ќе се сетиш ти на то.
Беше малечок. Нишо не знаеше.
ПАВЛЕ
И сега не знам ништо. Кој ми е татко? То никогаш нема да ми го кажиш.
А шо ако сум се загледал во Надица и сакам да ја женам.
Шо ќе прајме тогаш?
КАТА
Стој подалеку. Јас ти велам дека Младен не ти е татко.
Исто како и шо нема да ти кажам кој ти е татко.
Ама Нада дома нема да ми ја дојсиш.
То е последно шо ќе ти речам.
Нема таја никаквица да ми го премини праго.
Ни да *****.
Поарно ќе си клам врвца околу вратот.
ПАВЛЕ
Сите велат дека сме брат и сестра.
Само ти нејќиш ништо да кажиш.
Шо ако е вистина? Шо ако сме?
И ако се ожениме и имаме деца?
Шо ако се родат дебилни, кој ќе биди крив?
КАТА
Убо ти реков. Стој подалеку. И подалеку од Нада.
Јас со Младен никош ништо не сум имала.
То бабите го смислиле дури Анка беше …
Дури ја остави таа смрдената со Младен и отиде кај својата мајка.
Кукавица.
А сега сите би сакале Младен да е твој татко.
Како да не! Уште јас да сум мајка на Надица!
Се ќе смислат бабиштана дури стружат ченка и чешлаат перје.
Исто како шо ќе смислат и дека им доаѓат мртвите и што знам јас друго.
ПАВЛЕ
Ти прва смислуваш дека ти доаѓаат мртвите.
**************************************
Јас би сакал да знам шо се дешава.
Нејќам ништо од никој. Ни од тебе ни од Младен, ниту пак од Нада.
Уствари, од Нада нешто сакам.
Ама то се други работи.
Разбери ме.

Надвор ветерот ја разнишува ореовата крошна. Во дворот зачкрипува оградата.
КАТА
Пссс. Некој иди. Слушна?
Некој зацвили во шумата.

Се слуша како некој оди низ дворот. Павле гледа низ прозорецот. Не гледа никого.

ПАВЛЕ
Ај, шо си се преплашила. Кој и идел? Можи зајак.
Надвор е толку ладно шо ноќе можи и зајако да си ја бара мајка му.
КАТА
Да не пиеше нешто? Така ми замириса како да имаш цела бочва ишмукано.
ПАВЛЕ
Немам пиено. Шо ти е? Сега ќом да пијам.
А и шо ти е гајле.
Глеј си ја ти твојата работа.

Павле ги обува чевлите, го облекува палтото и си оди.

Надица

Четири ена пред тоа. Навечер. Паѓа снег.

НАДИЦА
Го сретнува Павле кај големата продавница над поштата во близина на Барбара
Кај ојш Павле?
ПАВЛЕ
Благо изиритиран
Одам в крчма. Идиш со мене?
НАДИЦА
Не идам со тебе. Одам кај Шпилери да ја однесам пивтијата што ја правевме јас и Анка.
Одам таму.
ПАВЛЕ
А кога ќе се видиме? Или ти е доста.
НАДИЦА
Се знајш. Нема шо да ти кажам.
Можи си ми брат и шо прајме после?
Не можиме да се видиме.
Можи вака попатно. Можиме и на кафе. Шприцер. Шо да е.
И ако мислиш ти то – веќе доста.
Па сме се виделе трипати онака … Договорено.
Сме си спомнале. Се сме си рекле.
Не знам кога ќе с евидиме. Не е во ред.
А и вљубена сум во Пишта.
И шо и да не сум, нема ништо да се промени.
Ама нема да одам ни со Пишта.
Сакам да сум соло. Сакам секоја сабота наутро сама да си одам в град.
Ова не е за мене. Веќе ми е преку глава од Анка и од Младен секој ден.
ПАВЛЕ
Ама ајде. Само кажваш. А ќе завршиш ко сите други.
Си се закопала во та картонажата, таму и ќе изгниеш.
Нигде ти не ојш.
Работите ќе се превртат. Ќе видиш.
Ако мислиш сега така, ќе те прашамз а една година.
За две. За три.
НАДИЦА
Си осам. Ај чао. Оди сега да не почнат д адрндат бабите.
ПАВЛЕ
Добро. Ќе видиш дека ќе биди како шо ти велам јас.
Одам и јас. Ќе се чуеме.

Надица си заминува прва, после неа и Павле. Надица си заминува во насока на својата куќа. Павле си заминува низ патот кон крчмата.

ЗА АВТОРОТ

ЛИДИЈА ДЕДУШ

ЛИДИЈА ДЕДУШ е родена во 1977 година во Бања Лука. Абторка е на поетските збирки: Апатриди и останати чудни личности (Трет плоштад, Белград, 2018), Ништо од најавуваниот крај на светот (Трет плоштад, Белград, 2019), Разгледници од прашливата решпублика (Јесенски и Турк, Загреб, 2020) Пишува и објавува поезија и кратка проза, а трудовите и се бјавувани во списанија и портали во Хрватска и регионот. Списанија (Тема, Фокализатор, Република, Либра Либера, Фантом на слободата, Балкански книжевен гласник, Екерман, ППМ Енклава, Либартес, Либела, Сент, Страни, Критичка маса итн.) и преведени на грчки јазик за Антологијата на современа босанскохерцеговска поезија (Ваксикон, Атина, 2020), на англиски за списанијата The Well Review (An International Journal of Poetry, Issue Two, Cork, Ireland 2018.) и Europe Now Journal (Columbia University, New York, 2017.) и на литвански за списанието Шиаунес Атенаи, 2021. Исто така поезијата и е застапена во антологиите и зборниците Аритмија (антологија на поетите од помладата генерација, уредник Ненад Слукиќ, Вараждин, 2015), Одложување на летото (зборник на песни, Солун, 2017), Ова не е дом - поетесите за миграцијата (антологија, уреднички Јелена Анѓеловска и Витомира Требовац, издавач Булевар, Нови Сад, 2017), Во мрежата стих 2 – зборник на поезија на поетсите од регионот (зборник, уредник Тин Лемац, издавач Шура публикации, Опатија, 2018) , Антологија на современата босанско-херцеговска поезија – двојазична антологија (уредник Армин Каплан (издавач Ваксикон, Атина, 2020) . Активно учествувала во организацијата на книжевниот фестивал КаЛибар бестиВал, како и на организација на книжевните претставувања на хрватските автори Разговаралница во Вараждин. Добитничка е на наградата за најдобар современ драмски текст на Хрватскиот народен театар во Загреб, 2022. Живее и пишува во Вараждин.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ