Жељка Авриќ е родена 1964 година во Бања Лука. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Нови Сад, на катедрата за југословенска книжевност и српско хрватски јазик. Живее и работи во Сремска Митровица. Пишува поезија, литературни прикази и есеи. Објавува во списанија за литература, уметност и култура. Нејзините песни се преведени на унгарски, руски и бугарски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Република Српска и на Здужението на писателите на Србија. Добитник на повеќе книжевни и општествени награди. Објавени стихозбирки: Портрет 2001; Ѕвездарница 2004; Маргиналии 2013; Временик 2014; Сум, 2016 година; Жедувам, 2018; Сонетни броеници (со писателот Ранко Павловиќ) 2019; Песната е нејзиното второ име (избрани љубовни песни) 2020 година; Несоница (во ракописот наградена со наградата „Гордана Тодоровиќ“ во Сврљиг) 2021; Насушниот (наградена со прва награда на Дринските книжевни средби во Зворник) во 2022 година.
КАДЕ ТРГНА, ПЕСНО МОЈА? Амир Ор – „Дете“ превод Вида Огњеновиќ ИК „Архипелаг“, Белград, 2025. Поетската книга „Дете“ на Амир Ор, во превод на писа...