Elementi Logo

АВТОР: Томица Бајсиќ

Објави од Томица Бајсиќ
Backgorund

Томица Бајсиќ

Томица Бајсиќ (1968, Загреб) е поет, прозаист, цртач, графички дизајнер и преведувач. Автор е на пет збирки поезија, на две книги илустрирана патописна проза и на сликовница за деца. Двапати е наградуван со високи национални награди за поезија. Неговите песни и проза се преведени на многу јазици. Се занимавал и со реставрација на уметнички дела, илустрација, графички дизајн и фотографија, а имал и две изложби на фотографии во Загреб („Амазонија дише“ во Културниот центар и „Бразилската прашума“ во музејот „Мимара“). Бил еден од основачите и уредник за пое- зија во превод во списанието „Поезија“ (2004 – 2017), што го издава Хрватското друштво на писатели, каде што како потпретседател за меѓународна соработка организирал книжевни размени со многу земји. Тој е координатор на хрватскиот дел од мрежата „Лириклајн“ (Lyrikline), најголемата и највлијателната светска платформа за аудио и пишана поезија, со седиште во Берлин, Германија. Од 2010 година ја води куќата за дизајн и издаваштво „Друга прича“ (Druga priča). Преведувач е и уредник на пет меѓународни антологии на поезија. Од 2017 до 2025 година бил претседател на хрватскиот ПЕН Центар.

АВИОНИ И БРОДОВИ

АВИОНИ И БРОДОВИ   Нема ништо поубаво од погледот на авионите во воздух.  Златната сончева кора на крилата поубава е од комета.  Авионите се плугови што ораат...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 20

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ