СУЗАНА ЈУВЕР е родена 1996 година во Кула. Додипломските студии ги завршила на Катедрата за компаративна книжевност со теорија на книжевноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, каде што моментално е на магистерски студии. Нејзината поезија е застапена во антологиите Рукописи 45, Таен град (ППМ енклава, 2022), како и во антологијата на песни од конкурсот за поетската награда Мило Бошковиќ. Нејзини песни се објавени и на книжевните портали Астронаут, Страни и Човек - списание. Таа повремено пишува книжевна критика, за која го освои второто место на меѓународниот книжевен фестивал Букстан во Сараево.
ОТФРЛУВАЊЕ НА КОЖАТА Ги пикам прстите низ дупките во џебовите станувам свесна за првутот некои раце веќе нема да ме допрат Мислите штипат како патент зафатената кожа Коските постепено ми исчезнуваат риба сум насолена со стварноста Чекорам наизглед смирено загледана во небесното тело додека сопствено...