Софија Грандаковска е професор на одделението за антропологија на John Jay College of Criminal Justice - The City University of New York. Во областите на компаративните книжевни студии и визуелната семиотика, како и интердисциплинарните студии на холокаустот, еврејската историја, литература и култура, таа е автор на следниве монографски изданија: „Минијатури и максимали“ [Miniatures and Maximums](2020), „Акатистит низ слово и фреска“(2017), „Портретот на сликата“(2010) и „Говорот на молитвата“ (2008). Таа е автор и приредувач на хрестоматијата „Евреите од Македонија и холокаустот: историја терорија, култура“[The Jews From Macedonia аnd the Holocaust: History, Theory, Culture](2011). Грандаковска ги објавила следниве поетски книги: „Препечено сонце“[The Burning Sun](2009) и „Осмиот ден“[The Eighth Day](2005).
Кога викам,чуј ме, Боже, правдо моја!Во маката моја дај ми простор.Помилуј ме и услиши ја молитвата моја.—Псалм 4:1 א למנצח בנגינות מזמור לדוד.ב בקראי ענני אלהי! בצר ...