Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 во Штип, Република Македонија. Дипломирал Југословенска литература и македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Тој е автор на 28 книги поезија и на неколку избори од неговото творештво. Објавил и Избрани дела во четири тома. Автор е и на повеќе книги огледи и публицистички трудови. Негови книги се објавени на англиски, албански, бугарски, српски, чешки, словенечки јазик. Превел на македонски над 30 книги од англиски, чешки, српски, бугарски и други јазици. Добитник е на сите значајни награди за поезија во Македонија и застапуван е во сите антологии на современата македонска поезија. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година, а од 2005 до 2014 година бил претседател на Македонскиот ПЕН центар Живее и работи. Во Скопје, како новинар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција Танјуг, а долги. Години беше директор и главен уредник на независната национална телевизија Телма во Скопје. Ноќна птица во паркот, 1972 Јана, 1980 Грозен кикот, 1882 Капки кисела вистина, 1985 Лет(о)преку океанот, 1988 Одрони, избор1988 Точка на вриење, 1990 Одвајнадежна, 1993 Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија, 1995 Јаве, избор1998 Херакле, 1998 Колумбо, 2000 Тројца за преферанс,2001 Одмолчена, 2003 Ненадејна, 2005 Чехопек, 2006 Среде, 2008 Жива рана, избор 2008 Сонот на коалата, 2009 ИЗбрани дела во четири тома, 2009 Поезија, избор 2010 Кревалка,2011 Ситночекорка, 2012 Јана/Јана, 2013 Светилничар, 2013 Препки, 2014 Вампирското, 2015 Птици, 2016 Лавиринт, 2017 Цедена, 2018 Тесен пат кон далечниот север, 2019 Езерска,2019 Трпки, 2020 Лилјаци, 2021 Чинук, 2022 Срце во мозокот, 2023 Книги поезија за деца: Горјан во Дорјан, 1988 Од Битола појдов, 1990 На странски јазици: Siljan the Stork Flies Over Macedonia Once Again (1996) Историа болезни (Москва, Русија, 1996) Јавне песме (Просвета, Београд, Србија, 2003) Силјан Штрка ошче веднаж лети над Македониа, Софија, Бугарија 2006) E Befte (на албански, 2006) Heraklej (Љубљана, Словенија 2006) Cechovabeni (Брно, Чешка, 2007) Отплесана историја (Архипелаг, Београд, Србија 2012) A Seashell Anchored in The Centuries(2014, Poetry Pacific, Vancuver, Canada) Препреке (Повеља, Краљево, Србија 2015) Labyrint (Брно, Чешка, 2016) Мрак (Архипелаг, Београд, Србија, 2017) Цеђена (Задужбина Петар Кочић, Бања Лука, 2019) Језерска (Архипелаг, Београд, Србија, 2019) Лавиринт (Агора, Нови Сад, Србија, 2019) Слепи мишеви (Архипелаг, Београд, Србија, 2021 Циклуси од поезијата на Ристо Лаѕаров се објавени на германски, француски, шведски, турски, романски, унгарски и други јазици. Застапуван е во сите релевантни антологии на современата македонска поезија. Огледи и публицистика: Прво лице еднина (Скопје, 1982) Лист по лист (Скопје, 2000) Книга ѕа животните и други огледи (Скопје, 2012) Врежанки (Скопје, 2014) Врежанки белградски (Скопје, 2015) (По)гледи (Скопје, 2016) Марина Цветаева во Прага (Скопје, 2017) Незгасливите чешки пламени (Скопје, 2018) Главата на Кафка (Скопје, 2018) Процесот на Слански и други чешки судбини (2019) Храбал - тажниот крал на чешката книжевност (2019) Хашек - добриот војник Швејк (2020) Чапек - книжевна легенда (2020) Сајферт - нобеловецот од прашкиот Монмартр (2021) Јесенска - име на љубовта и слободата (2021) Кундера - животот е некаде другаде (2021) Нaмерници (прозни записи, 2020) Доктор Санде во Прага (2020) Преводи и препеви: Горан Бабиќ: Столб во реката (Скопје, 1982) Дејан Новачиќ: СФРЈ за повторувачи (Скопје,2003) Георги Константинов: Човекот е прашање (Скопје, 2006) Александар Новачиќ: Досието Чехов (Скопје, 2006) Абдулах Сидран: Партизански гробишта (Скопје, 2012) Чарлс Симиќ: Несоница (Скопје, 2012) Александар Новачиќ: Венедикт Ерофеев и хорот на пијаните ангели (Скопје, 2012) Душко Новаковиќ: Капитулација (Скопје, 2013) Миљенко Јерговиќ: Промена на времето (Скопје, 2013) Карл Сандберг: Чад и челик (Скопје, 2014) Оскар Давичо: Покрив на луњата (Скопје, 2014) Милица Николиќ: Руска археолошка приказна (Скопје, 2014) Филип Давид: Книга на сеќавањата и заборавот (Скопје, 2015) Александар Новачиќ: Булгаков - писма до Сталин (Скопје, 2015) Славој Жижек (заедно со Бранко Лазаров): Исламот, атеизмот и модерноста (Скопје, 2015) Драган Великиќ: Иследник (Скопје, 2016) Милисав Савиќ: Џимиринче (Скопје,2016) Дејан Алексиќ: Да се биде (Скопје, 2016) Енес Халиловиќ: Sидови (Скопје, 2016) Мухарем Баздуљ: Кукла од парципан (Скопје, 2017) Енес Халиловиќ: Ако долго гледаш во понорот (Скопје, 2017) Бранислав Нушиќ: Покрај бреговите на Охридското Езеро (Скопје, 2017) Раде Драинац: Поет или бандит (Скопје, 2018) Дагмар Доровска: Вистинскиот момент (Скопје, 2019) Славој Жижек (заедно со Бранко Лазаров): Ленин 2017 - сеќавање, повторување и разработка (Скопје, 2019) Славој Жижек: (заедно со Бранко Лазаров): Да се шпочне од почеток (Скопје, 2020) Гојко Божовиќ: Книжевноста и дните (Скопје, 2021) Добитник е на највисоката државна награда на Република Македонија ,,11 октомври” за животно дело, како и на повеќе книжевни награди и признанија: ,,Млад борец” (1972), ,,8 ноември” на град Штип (1972), ,,13 ноември” на градот Скопје (1980), наградата на МРТВ за најдобра книга за деца меѓу две Струшки вечери на поезијата (1987), наградата ,,Ацо Шопов” на ДПМ за најдобра поетска книга (2006), наградата ,,Браќа Миладиновци” на СВП (2008). Во 2000-та година беше лауреат на Празникот на липите во Скопје, а во 2010 година е награден со Книжевното жезло на ДПМ и со наградата Велја кутија на Македонските духовни конаци. Признанието за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов му е доделено во 2017 година, а во 2012 година ја доби наградата Дијалог за најдобра книга поезија (Ситночекорка). Добитник е и на двете награди ,,Петар Кочиќ“ - за најдобра книга и за животен опус на Задужбината Петар Кочиќ, Бања Лука, во 2019 година. Автор е и на повеќе новински и телевизиски патописи. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година, а од 2005 до 2014 година е претседател на Македонскиот ПЕН центар Живее и работи во Скопје, како новинар. Работел во ,,Млад борец“, „Комуист“ (македонско издание) и ,,Нова Македонија“. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција Танјуг, главен уредник на меѓународното списание Балкан форум, а долги години беше директор и главен уредник на независната национална телевизија Телма во Скопје.
АПОКАЛИПСАСонцето малаксуваНебото се струполувакако метеорнѐ збришуваим простувана малкуминамеѓу првитеи на Роберт Фростсветски експертза сите видови исчезну...