Elementi Logo

АВТОР: Павле Горановиќ

Објави од Павле Горановиќ
Backgorund

Павле Горановиќ

Павле Горановиќ (1973, Никшиќ) е поет, есеист, уредник и редовен член на Црногорската академија на науките и уметностите. Докторирал во областа на теоријата на современите уметности. Автор е на книгите: „Орнаментика на ноќта“ (1994); „Читање на тишината“ (1997); „Книга на привидот“ (2002); „Како мирисаат книгите“ (2008); „Тин Ујевиќ и Црна Гора“ (2008); „Цинобер“ (2009); „Град на полната месечина“ (2014); „Имињата на копнежот“ (2015); „Поезија“ (2017); „Тин Ујевиќ и експресионизмот“ (2020); „Збратимени читања“ (2022); „Хо тел за самци“ (2023); „Linea Prima“ (2024). Неговите дела се преведени на дваесет светски јазици. Добитник е на низа признанија и награди за литература, меѓу кои: „Ристо Ратковиќ“ за најдобра по етска книга објавена во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска (2009), државната награда „Тринаестојулска награда“ за резултати од исклучително значење во областа на културното и уметничкото творештво (2019), наградата „Вито Николиќ“ за најдобар црногорски лиричар (2010/2011), како и државната награда „Мирославово евангелие“ за најдобро литературно дело во Црна Гора во период од три години (2014). Застапен е во многу антологии на црногорската и екс-југословенската поезија, во антологијата „Нови европски поети“ (САД), во „Антологија на поезијата на словенските земји“, како и во „Grand Tour: Патување низ младата поезија на Европа“ (Минхен, Германија) и други. Бил претседател на Управниот одбор на Форумот на словенските култури и министер за култура во владата на Црна Гора.

РЕПУБЛИКА НА ТИШИНАТА

РЕПУБЛИКА НА ТИШИНАТА   Секогаш предоцна ме стигнуваш.  Или ме оставаш да те барам.  Така се следиме, одвреме-навреме.   Моето родно место,  роден град за ...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 20

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ