Elementi Logo

АВТОР: Огнена Никуљски

Објави од Огнена Никуљски
Backgorund

Огнена Никуљски

Огнена Никуљски, професор по шпански во пензија, книжевен преведувач, заљубеник во мајчиниот, македонски јазик. Родена е во Скопје, 1951 година. Студирала и докторирала на полето на шпанскиот јазик и литература во Перу. Долги години, речиси цел работен век, ги подучувала студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Воедно е и основач на студиската програма за шпански јазик и литература. Ги приопштила на македонски делата на многу значајни автори кои твореле на шпански јазик. Колку за показ: Унамуно, Калдерон де ла Барка, Камило Хосе Села, Гиљермо Мартинес, Алан Паулс и многу други. Животот ѝ овозможил да патува, да живее во поинакви средини од домородната и да ги засака разликите меѓу луѓето. Се застапува за рамноправност на сите полиња, за сите. Ги сака луѓето и животните, подеднакво.

ТЕМНИНАТА

ТЕМНИНАТА Темнината сѐ проголтала, нема сенки, само црнина. Селската светилка ништо не ѝ може, нема кувет. Само себеси се обзнанува. Темнината, недопрена. Лежам во креветот, раката ја вадам од под јорганот, да видам дали ќе се пишманам при допирот со мразната ава или се вклучило парното, што ќе ми к...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ