Младен Трута е роден на островот Зларин во 1953 година. Основното училиште го посетувал во Зларин и Шибеник, гимназијата ја завршил во Шибеник, а потоа дипломирал на Економскиот факултет во Загреб. По студиите се враќа во Шибеник, каде што основа семејство и работи сè до пензионирањето. Со пишување почнал да се занимава релативно доцна, по наговор на книжевникот Младен Бјажиќ, негов пријател и сограѓанин. Досега објавил две книги со раскази на зларински чакавски дијалект. Песни пишува и на стандарден хрватски јазик и на зларинската чакавштина, но, како што вели, повеќе „за своја душа“ и досега не ги објавувал.
ТИВКИОТ ПАТ Колкупати тивкиот пат до Крстот, колкупати одот со наведната глава, двојното ѕвоно, кренатата глава, длабока воздишка и последно збогум. Уште еден замина, а нас нè има сè помалку, тажната поворка е сè помала и потивка, сè постари тела, подгрбавени, чекорат, и во мирен ред го чекаат својо...