Михал Вивег (1962) е еден од најпопуларните и најпродавани современи чешки писатели. Дипломирал чешки јазик и педагогија. Како романсиер, драматург, сценарист и автор на раскази и колумни пишува со многу хумор и оригинална иронија постигнувајќи длабоки значења. Од крајот на 1990-тите секоја пролет објавува по една книга. Преведуван е на 25 јазици. Добитник е на наградите за литература „Јиржи Ортен“ и „Магнезија литера“. Неговите книги се распродадени во милион примероци само во Чешка.
1МЕДЕН МЕСЕЦ ВО ТРОПСКИ РАЈ. Кога Вилма го прочита овој слоган во каталогот на туристичката агенција, што Здењек го имаше обележано со розова самолеплива лента со л...